Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, денеска усвои нацрт-закон со кој се забранува „медиумска пропаганда на нетрадиционални сексуални односи,
преку Интернет, во книги, филмови и реклами“, пренесува ТАС.
Законот беше поддржан од околу 400 пратеници, меѓу кои и претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.
Оваа регулатива забранува пропаганда во медиумите на нетрадиционални врски, педофилија и прикажување на информации за и околу ЛГБТ заедницата,
како и информации кои поттикнуваат промена на полот кај тинејџерите.
ПРЕЗЕМЕНО: Think.mk 28.10.2022 год., Скопје
339 Прегледи