26/04/2024
SKOPJE

Трамвај желба,…

Ајде вака,……

Престани да ме враќаш еден чекор наназад.

Таман направив два напред.

Престани да се појавуваш во секоја песна.

Таман почнав да откривам нови музики.

Престани да никнуваш како кокиче под снегов.

Таман ми заесени.

Престани да ме бараш кај што не ме наоѓаш.

Таман помислив дека се скрив од тебе.

Престани да ми влечеш зборови.

Таман станав бесконечно долга тишина меѓу сите звуци во мојата глава.

Престани да ми недостасуваш ако можеш.

Те молам престани.

Може така?.   

***   ***            

Бујрум Те гледам и те молчам.

Од сите те молчам и пред сите те молчам.

Додека се возам на мојот измислен трамвај ми мириса на сочна желба.

Те замислувам во некое време што не постои и никогаш нема да се роди.

Во некое време кое од почеток не било планирано да се случи.

Ние не сме биле планирани за заедно.

Mоже па и никогаш не требало ни да си се случиме.

Ние се најдовме или прерано или доцна.

На време сигурно не се најдовме.

Тоа знам.

И денеска ми продираш во мислите без да тропнеш.

Не прашуваш дали може да влезеш.

А јас секогаш те пуштам.

Не дека имам некој избор.

Влези си, ајде.   

***   *** 

Секој од нас ја има својата тишина, тишина која не мора да ја оправдуваме на никого…

Во таа тишина се водат големи борби на нашите срца…

Во неа одлучуваме дали ќе продолжиме понатаму, или ќе ги кренеме рацете од се…

Затоа не ги вознемирувајте оние кои се повлекуваат во тишина позната само за нив, зошто сите ние паѓаме и бараме начин како повторно да се исправиме…   

АВТОР НА ТЕКСТОТ: “ Есен во мене“ 

 

 

 

345 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: