26/04/2024
SKOPJE

Посакувам,…

Посакувам… 

Посакувам  да ти ги одземам тие овластувања.
И да има нешто да ме спречи да не мислам на тебе.
Посакувам да не го гледам насекаде твоето лице.
Да престанам да те сакам и да сум луда по тебе.
Псакувам да си го вратам својот мир.
Неместо Љубов, кажи ми дека си само каприц за мене.
Додека трепнеш од тебе да заминам.
Дека ништо не ми значиш.
Посакувам да имав ледено срце
Моето срце никогаш да не ти покажеше Љубов.
Да не плачам и тагувам по тебе.
Посакувам сомнежот да не ме повредува.
Да можам да се насмеам, и да заминам од тебе.
Да можам во истиот миг да заборавам на се.
Сакам да сум онаа старата смирена и тивка.
Посакувам да не ме привлекува се твое.
Да можам се твое да одбијам.
Моето срце на друг да го подарам.
Кога кон тебе ќе тргнам, едноставно да запрам.
Би сакала да не те сакам.
За твојата Љубов како просјак да не молам.
И да не се хранам од твоите трошки.
Сакам само малку да почувствуваш од мојата болка.
Некои моменти не се враќаат, но еден де ќе го разбереш тоа.
Тој ден ќе ти биде посебно јасно.
Ќе се сетиш на сѐ и ќе речеш: Ех, само да бев! 💔    

АВТОР: “Есен во мене“ 

 

 

337 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: