02/05/2024
SKOPJE

Ослободи се !!!

Ослободи се
Не можам да го извадам од глава тоа прекрасно попладне, 
 
силуетата на местото каде што лежев на тревата се мешаше со рајското синило, 
 
малечки облаци брзо се движеа додека ветерот ги туркаше на бескрајно патување. 
 
Тогаш најблиску до мене беше најпрекрасното нешто, твојата мека коса на мојот образ, 
 
твоите бакнежи кои беа толку ладни и вонземни и мојата среќа беше толку голема.
 
Среќата е внатре во тебе… затоа отклучи ги оковите од твоето срце 
 
и дозволи си да растеш, како слаткото цвеќе кое си. 
 
Го знам одговорот – само рашири ги крилјата и ослободи се !!! 
422 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: