Те гледам како црташ насмевки во сенките на собата
и се смешкаш на нашите Спомени.
Те гледам како црташ соништа во темнината,
Те гледам,
но СЕ Подалеку и Подалеку,
ми ја кинеш насмевката
затоа што ја имам врзано за Тебе,
и подмолно си заминуваш без Збогум,
оставаш Тага во Мојот живот.
Те гледам веќе на далечина од Градот
и Не можам да те МРАЗАМ.
Само ја Мразам Празнината,
отсуството на Твојата Насмевка,
на Твојот Поглед,
недостатокот на Твоите милувања
и Твоите прегратки.
Те чувствувам нејасно,
а Срцето ми се грчи и
бледнее полека, полека и неуморно
и колку што Не сакам… ТЕ ГЛЕДАМ.
415 Прегледи