20/04/2024
SKOPJE

С В Е М И Р – Tera est stela

Радио драма:
                                                  С   В   Е   М   И   Р             

Тивка летна ноќ.

Знаеш ли кои сме, што сме и од каде сме?

Го прашува Андреј помалиот брат Давид.

 

Сеуште сум мал и немоќен да ги избројам сите sвезди на Небото.

Ноќе кога гледам нагоре безброј светли точки ја осветлуваат Небесната широчина,

тивко одговори Давид.

 

Да, тоа што гледаш е само дел од Свемирот.

Секој ден се раѓаат безброј нови sвезди додека дел од Него умира,

продолжи Андреј.

Има милијарди галаксии а секоја галаксија има милијарди sвезди кои се движат во јата и светкаат.

Некои светат постојано а други само трепкаат.

Плави се кога се раѓаат,

Жолти средновечни,

Црвени кога стареат,

Бели се без број и постојани додека црни кога умираат,

додаде Андреј.

 

Најблиску до Нас е Месечината , рече Давид.

Преубава е кога е полна и осветлена и

уште поубава кога околу неа ќе се рашири виножито со сите пастелни бои.

Ама најубава sвезда е sвездата Деница.

Таа се издвојува од другите sвезди по сјајот и големината.

Кога ќе ја погледнам како да се смее и Ми испраќа срдечни поздрави,

додаде Давид.

 

И не само Тебе, рече Андреј.

Туку до сите добри дечина на планетата Земја,

sвездада Деница им испраќа искрени поздрави,

другарска љубов и пријателство.

 

Дали ова значи дека sвездата Деница сака да се дружиме?

рече Давид.

Да, одговори Андреј.

Ние дечината од планетата Земја сме во блиска врска не само со планетите од Нашиот  сончев систем, туку со сите небесни тела од Нашата галаксија, Млечниот Пат и се она што се збиднува во Свемирот, продолжи Андреј.

Сонцето постојано жарко свети.

Околу Сонцето се движи:

Меркур мала и спора планета најблиску е до Сонцето.

Марс црвена планета со кратери.

Венера зрачи Љубов.

Земјата оаза и полна со живот.

Јупитер огромен и величесатвен со прстените околу него.

Сатурн тмурен и спор а Уран, Нептун и Плутон се кријат во небесната тишина,

додаде Андреј.

Значи ли тоа дека Свемирот е поголем од Нашата галаксија, Млечниот пат?

Праша Давид.

Да, одговори Андреј.

Во Свемирот буи живот што само идните генерации ќе можат да го сознаат и да се дружат со другите Светови.

Дајми го телескопот да уживам во бескрајната свемирска убавина,

рече Давид.

Колку прекрасна ноќ.

Ние сме како честички, живееме на планетата Земја оаза во Нашиот сончев систем, додаде Андреј.

 

Автор на текстот : “Tera est stela“

 

 

 

652 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: