28/03/2024
SKOPJE

Проштална – Никола Јонков Вапцаров

„ПРОШТАЛНА“

Понекогаш ќе ти доаѓам на сон, како нечекан и несакан гостин.

Не ме оставај на патон – вратата не ја лости.

Ќе влезам тивко, и кротко ќе седнам, ќе вперам поглед во мракот за да те видам.

Кога ќе ти се изнагледам – тивко, и нечујно ќе си заминам.

(Никола Јонков Вапцаров) (на жена ми) (песната ја напишал непосредно пред да биде стрелан). 

предлог “Есен во мене“   

Кратка биографија – Никола Јонков Вапцаров 

Никола Јонков Вапцаров е македонски поет и револуционер.

Релативно млад започнува да се појавува како литерат.  

Роден на 24.11.1909 година во Банско, Пиринскиот дел на Македонија, во протестантско семејство кое било посветено на македонското ослободително движење.

За време на турското владеење, неговите родители активно се вклучуваат во борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава.

Таткото Јонко бил комита, а мајката Елена (родена Везјова) учителка која се школувала во американскиот колеџ во Самоков.

Израснат во патриотско семејство, кај Никола се развива љубовта кон татковината, македонскиот народ и книгата.  

Во еден период работи како машинист во фабрика за хартија и мукава во селото Кочериново.

Таму ја сретнал својата идна сопруга Бојка Димитрова, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија и пред женидбата преминал во православие.

Автор e на две поетски збирки: „Моторни песни“ (Софија, 1940) и посмртно објавената „Антологија“ (Софија, 1946). 

Автор е на драмата „Деветтиот бран“, на книга со песни за деца и на серија критички записи и прозно-публицистички текстови.

На 23.07.1942 година, Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов. 

Никола Вапцаров станува легенда на младата македонска книжевност.  

По Втората светска војна, неговите стихови и други творби, имаат посебно значење за Македонија, доживува литературна слава.    

 

1.016 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: