28/03/2024
SKOPJE

Мајсторот и Маргарита – Михаил Булгаков 

Историја на романот 

Мајсторот и Маргарита – Михаил Булгаков 

Во 1928 година, Булгаков почнал да го пишува своето ремек-дело, „романот за ѓаволот“ на којшто работел сè до смртта.

Првобитните наслови на романот биле: „Сатана“, „Кнезот на темнината“, „Црниот маг“ и „Големиот канцелар“.

Следната година ја напишал првата редакција на „романот за ѓаволот“ (вкупно 15 глави), како и четири глави од втората редакција.

Во 1933 година ја напишал третата редакција на „романот за ѓаволот“, а во 1936 година и четвртата редакција, додека петтата и шестата редакција ги завршил во 1937 година, кога романот го добил конечниот наслов, „Мајсторот и Маргарита“.

Во 1938 година ги напишал седмата и осмата редакција на романот.

Во 1940 година, пред смртта, Булгаков го изговорил зборот „Мастер“, а неговата сопруга Елена му се заколнала дека ќе го објави романот „Мајсторот и Маргарита“.

Сепак, цензурираното издание на романот било објавено во СССР дури кон крајот на 1966 и почетокот на 1967 година во списанието „Москва“.

Веднаш по објавувањето, романот се наметнал како првокласна книжевна сензација и веднаш бил преведен на големите светски јазици.

Но, тогаш не било познато дека од романот биле избришани многу „незгодни“ страници – вкупно една петтина од романот при што некаде бил исфрлен по некој збор, а некаде и цели поглавја.

Подоцна, издавачките куќи надвор од СССР успеале да дојдат до оригиналната, нецензурирана верзија и романот бил објавен во целост, најпрвин во странство, а потоа и во Русија.   

Мајсторот и Маргарита (рускиМа́стер и Маргари́та) е роман на рускиот писател Михаил Булгаков.

Во центарот на вниманието на романот е посетата на Сатаната на Москва.

Голем број критичари го сметаат за еден од најдобрите романи на XX век, најважниот руски роман на 20 век, како и една од најдобрите сатирични книги за советската бирократија и социјален живот.  

Жанр – Фантазија, фарса, натприродна, романса, сатира, Модернистичка литература   

 

 

′′ Во животот треба да прифатиме две работи: првата е дека не можеме да имаме сè, а втората е дека сè што имаме лесно може да го изгубиме.”

′′ Се ќе биде во ред на крајот. Светот е изграден на тоа.”

ПРЕДЛОГ НА КНИГА И СЛИКИ: “Есен во мене“ 

 

639 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: