25/04/2024
SKOPJE

Есен во мене – Светски ден на мајчиниот јазик

21 Февруари, е Светски ден на мајчиниот јазик.
Мој мајчин јазик е Македонскиот 
Јас читам и пишувам, јас дишам, се смеам и тагувам на Македонски.
Во чест на денешниот празник, од Мене – Автор на текст и избор на слики “Есен во мене“

Памти ме само насмеана,
вака разиграна и распеана,
сакам лицето да ти се насмее,
сакам душата да ти запее,
кога ќе се сетиш на мене.  

Памти ме само насмеана,
вака вљубена и блескава,
сакам очите да ти заблескаат,
сакам во нив копнежи да засветкаат
како сега додека во мене гледаат.  

Памти ме само среќна и полетна,
вака мила и во љубов претворена,
сакам усните да ти затреперат,
сакам душата кон мене да ти полета
дури и тогаш кога ќе ме нема. 

Памти ме, памти ме само насмеана,
вака топла и разгалена,
сакам срцето да ти го помилувам,
сакам со љубов да те опијам,
и кога ќе ме нема да ти бидам сончевина. 

 

509 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: