26/04/2024
SKOPJE

ЏЕЛАЛУДИН МЕВЉАНА РУМИ – Персиски поет на сите времиња 

ЏЕЛАЛУДИН МЕВЉАНА РУМИ – Поет на сите времиња 

Џелалудин Мевљана РУМИ (1207-1273) е персиски поет од 13-от век, зад себе остава богато творештво на песни кои ги отвораат вечните теми на љубовта, смислата на постоењето и животот по смртта. 

Роден во Балк, денешен Авганистан, починал во Конија денешна Турција. 

Руми исто така бил правник, теолог и мистик. 

Најчитан поет на сите времиња. 

Универзалноста на неговите стихови ги надминува временските, просторните и културните бариери. 

Во неговата поезија болката и страдањето се надминуваат во мистичниот пат на духовно воздигнување, од љубењето до состојбата на совршенството.

Руми во својата поезија ја слави апсолутната љубов кон Бога – Изворот на креацијата што всушност е и темел на неговото творештво, доминираат стихови посветени на Бога, неговата сеприсутност, потрага по совршеното и достигнувањето на рајските блажества. 

Иако е ревносен муслиман, Руми претставува спој меѓу религиите, поет што го слави вечното и неминливото, Руми запишал : 

–  Одам и во муслиманска џамија и во еврејска синагога и во христијанска црква и СЕКАДЕ ГЛЕДАМ САМО ЕДЕН ОЛТАР. 

Оригиналните песни на Руми НЕМААТ НАСЛОВИ.   

Неговата најпозната поема „Масневија“ се состои од 6 книги и разгледува разни теми напишани во сликовити стихови, често во облик на парабола или анегдота.

Меѓу муслиманските мистици „Масневија“ е позната како „Куранот на персиски јазик“. 

Негови други значајни дела се :  “Дивани на Шемс Тебризи “,  “Фихи ма фих“

Руми го инспирирал создавањето на независното братство на суфиите-мевлевии кои во Европа станале познати како „Вртечки дервиши“, поради нивната важна улога во ритуалните танци и задолжителниот неделен обред наречен “САМА“.

7 Совети од мудриот Руми кои ја кријат вистината на животот:

1. Во дарежливоста и помагањето, бидете како водата која тече.

2. Во милосрдноста и добрината, бидете како сонцето.

3. Во покривањето на туѓите недостатоци, бидете како ноќта.

4. Во јадот и нервозата, бидете како мртовците.

5. Во скромноста и понизноста, бидете како земјата.

6. Во добронамерноста, бидете како морето.

7. Или претставувајте се онакви какви што сте или бидете онакви какви што се претставувате.

Позната мисла на Руми,…

–  “ Да го бараш патот до љубовта преку РАЗУМОТ е исто како со ламба да го бараш Сонцето. 

Разумот е немоќен во изразувањето љубов. 

Само љубовта е способна да ги обелодени вистината за љубовта и состојбата на заљубениот. 

Ако сакаш да живееш, умри во љубов, умри во љубовта ако сакаш да останеш жив.“ 

 

Поезија Руми :  

Кога сум со тебе,

по цели ноќи стоиме простум.

Кога не си овде, не можам да заспијам. 

Слава на Бога и за двете несоници, 

и за разликите меѓу нив. 

 

***************************** 

 

Патот до љубовта не е голема расправија. 

До неа се стигнува низ пустош. 

Птиците прават големи кругови 

летајќи по небото на својата слобода. 

Како го научиле тоа ? 

Паѓаат и паѓајќи добиваат крилја. 

Други Совети од Руми кои имаат моќ да го променат животот: 
1. Предизвикајте го стравот
„Бегајте од тоа што е удобно. Заборавете на безбедноста. Живејте онаму каде што се плашите да живеете. Уништете ја вашата репутација. Бидете озлогласени.“
2. Бидете храбри

„Не бидете задоволни со приказните кои се појавуваат пред вас. Направете си ваш мит.“

3. Бидете благодарни

„Носете ја благодарноста како наметка и таа секојдневно ќе го исхранува секој агол од вашиот живот.“

4. Превземете акција

„Зошто да останам на дното од бунарот кога имам цврсто јаже во мојата рака?“

5. Имајте верба

„Како што ќе почнете да се движите по патот, така самиот пат ќе почне да се појавува.“

6. Прифатете ги препреките

„Доколку ве иритира секое триење, како ќе се исполирате?“

7. Погледнете навнатре

„Вашата задача не е да барате љубов, туку едноставно да ги барате и најдете сите препреки во вас кои сте ги изградиле против неа.“

8. Научете од страдањето

„Раната е местото каде што Светлината влегува во вас.“

9. Не грижете се за она што другите го мислат за вас

„Сакам да пеам како што пеат птиците, без да се грижам за тоа кој слуша или што мисли.“

10. Правете го она што го сакате
„Дозволете си да бидете повлечени најсилно што можете од она што навистина го сакате.“

958 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: