19/04/2024
SKOPJE

Да не се повтори,…

Запрете ги сите часовници…запрете го сонцето,
Скротете ги кучињата да не лаат ,
Замолчете ги сите славејчиња со придушен тапан
Ставете црни ленти околу вратот на белите гулаби,
Изнесете ги ковчезите, нека дојдат ожалостените.
Нека сите автобуси кружат со лелек над главите наши
Чкртајќи ја на автопатот „Тие се мртви“.
Тие беа нашиот север, нашиот југ, нашиот исток и запад,
Нашата песна…нашиот разговор
Наше пладне… наша полноќ
Ѕвездите не се бараат сега; изгасете ги сите на небо
Спакувајте ја месечината и растопете го сонцето,
Зашто сега ништо не може да биде добро.
Тага и горчина во секое срце…
Нивните животи да останат како омилени книги
Не затворајте ги и ставете ги на полица
Никогаш повеќе да не се читаат
Само затоа што го мразиме крајот
Започнете да ги пишувате одново
Тие ќе бидат таму со нас секогаш
Ќе бидат таму кога дивите цвеќиња ќе танцуваат во ливада
Кога ќе помине летниот ветер низ пченкарно поле
Кога утринска магла на есента го заматува погледот
И кога зимското сонце ќе фрла искри и светка на снегот
Бес и лутина во секој од нас…
Но, кога утрото ќе започне без нив.. да разбереме
Господ ги изговори нивните имиња и ги фати за рака.
Нивното место е подготвено во рајот далеку погоре,
„Ова е вечноста и се што им вети,
Денес нивниот живот на земјата е минато, но тука почнува одново“.
Ветено им е дека нема утре, но денес секогаш ќе трае,
Секој ден таму е ист, нема копнеж за минато“.
Кога утре ќе започне без нив…тие нема да се далеку,
Тие се тука во нашите срца.  
АВТОР: АЦО АТАНАСОВСКИ – Во Спомен на трагично загинатите млади животи и деца,
во сообраќајна несреќа во Бугарија.   
518 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: