20/04/2024
SKOPJE

БУДЕЊЕ НА СВЕСТА

БУДЕЊЕ НА СВЕСТА

Година на издавање: 2019    

Краток опис

Вистинскиот извор на страдањето во светот се стравот, болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот кога не сме во хармонија и баланс. Сè додека ја проектираме моќта надвор од себе и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински нè исцелува тогаш и го поддржуваме сето страдање кое му се случува на светот.

Потребно е да ја поттикнеме личната и духовна преобразба, да се ослободиме од товарот што го носиме во себе, да станеме свесни за своите програми и да работиме на нивно освестување, да се ослободиме од нив и да отвориме простор во срцето за љубов која целосно ќе нè исцели. Тоа нема секогаш да биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе ни биде почист и посјаен и ќе уживаме во неограниченото изобилие на универзумот. А како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.

Авторите повикуваат заедно да ја разработиме оваа идеја на Будење на свеста. Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да косоздава реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладеат хармонија и љубов на нашата планета.

 

 

 

Од нас се бара да ја пуштиме убавината додека тагуваме.
Не можеме да се преправаме дека сме духовно супериорни во такви мигови.
Најдобро е да седнеме, да плачеме, и да ѝ дозволиме на емоцијата да се изрази во својот полн сјај

                                 П.С. Дозволено ни е да плачеме…

Kомуникацијата не е само во зборот…
Комуникацијата е во енергијата што ја оддаваме, во чувствата коишто ги емитираме, во начинот на којшто размислуваме и во зборовите, како се однесуваме генерално…
Невербалната комуникација е причината зад чувството дали со некого можеме да се разбереме или не.
Дали сме на иста бранова должина или не.

ПРЕДЛОГ НА КНИГА И СЛИКИ: “Есен во мене“ 

 

693 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: