19/04/2024
SKOPJE

Б.Светозаревиќ-Покорни, “Македонци, милениумски сведоштва за идентитетското име“

ИЗЛЕЗЕ НОВА КНИГА СО НАД 1.000 АРХИВСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВЕКОВНО ПОСТОЕЊЕ НА ИМЕТО МАКЕДОНЦИ

Најновото научно дело „Македонци, милениумски сведоштва за идентитетското име“ на историчарот Бранислав Светозаревиќ-Покорни, денесува досега необјавени и малку познати документи од домашните и светските архиви во кои се споменува етнонимот Македонци. 

Книгата содржи над 1.000 сведоштва и докази дека во милениумите наназад имало луѓе кои себе си се нарекувале и се изјаснувале како Македонци и луѓе кои се бореле ова има да опстане до ден денес. 

Овие сведоштва и документи собрани од 32 земји од светот, а најмногу има од европските земји.   

Работата на ова дело траела 30-тина години и за неговата реализација, како што вели Светозаревиќ, морал да истражува бројни домашни и странски архиви и да се консултира со 14 доктори на науки и експерти во Македонија за книгата да има поголема научна основа и поткрепа.   

Ваквите обемни научно истражувачки работи во другите земји ги вршат цели стручни тимови и токму затоа ова научно дело има и дополнителна вредност, бидејќи зборува и за големиот ентузијазам на Светозаревиќ, вели историчарката Наташа Котлар, која е и рецензентка на книгата.   

“Ова дело е еден вид сублимат и еден вид платформа за некои суштински прашање во историјата, а тоа е ИМЕТО, Конкретно за Македонскиот НАРОД, ИМЕТО на Државата Македонија, и тоа се проучува од страна на Авторот и се докажува низ периодите: Антика, Среден век, Нов век и Современа Историја. 

Тоа значи дека нема конечна историја, секогаш се истражува и се УТОЧНУВААТ нештата коишто треба да им бидат презентирани и на Општата Публика но и на Стручните Лица. 

Книгата има и објаснувања и е поткрепена со документација, што е најважната алатка за историчарот. 

Во определени земји ова го работат група на истражувачи и група на историчари, а сето ова Бранислав Светозаревиќ го направил САМ“, вели КОТЛАР.

“Проучувањето на името Македонци низ историјата е комплексно прашање. 
Името Македонци претставува своевиден феномен, кој опстојува илјадници години наназад. 
Во изборот на изворите можеме да го разликуваме именувањето на самите Македонци за себе и именувањето на Македонците од страна на странските автори. 
Низ таа долга историја тоа име памети најславни моменти во човековата историја, во одредени периоди речиси исчезнувало и повторно како феникс од пепелта се воздигнувало. 
Славата на македонското име во светски размери е најголемата причина тоа име од различни побуди да биде присвојувано од различни држави, владетели и на крајот и од современите држави“, пишува Светозаревиќ во ова дело.
                                              

Книгата содржи над 1.000 сведоштва и докази дека во милениумите наназад имало луѓе кои себе си се нарекувале и се изјаснувале како Македонци и луѓе кои се бореле ова има да опстане до ден денес.   

“Има многу податоци, но јас би ги издвоил оние документи од 15 век до почетокот на 19 век. 
Ова е период кој во досегашната македонската историографија некако не се истражуваше како една специфична материја, туку македонската историографија повеќе беше насочена кон населението кое живеело на овие простори за време на османлиското владеење. 
Сепак, најголемите докази дека името Македонци постоело се наоѓаат надвор, односно се наоѓаат во сведоштвата кои со себе ги носеле Македонците кои се иселиле од Македонија во Европа и тоа најмногу во Хабзбуршката монархија и во Руското царство. 
Таму кадешто тие оделе, кадешто студирале или формирале свои нови населби, македонското име го носеле со себе. Дури и во периодот на Османлиското царство, кога етнонимот немал никакво значење, бидејќи поданиците во Османлиската империја се идентификувале според верата, сите оние кои ја напуштале својата татковина секогаш со себе го носеле и нејзиното име“, вели Светозаревиќ.


Сведоштвата и документите се собрани од 32 земји од светот, а најмногу има од европските земји.

“Има стотици и стотици документи и книги кадешто оние кои потекнувале од овие простори не користеле други имиња туку го користеле името МАКЕДОНЕЦ. 
Тоа јасно се гледа од официјалните документи кои тие ги добивале во некои земји каде доаѓале, како на пример Хабзбуршката монархија и во Руското царство, каде покрај името на лицето стои и Македонија како место од каде тоа лице доаѓало. 
Па така, во 19 век, кога се појавуваат ПРЕРОДБЕНИЦИТЕ, тие НЕслучајно го избрале името Македонија и Македонци, бидејќи тоа име не паднало од небо или некој им наредил така да се нарекуваат, напротив , тие останале на она што го наследиле од своите предци “, вели Светозаревиќ.  

Бранислав Светозаревиќ-Покорни е автор на 13 книги од областа на историјата, архивистиката и филателијата и на 30-тина други рецензирани трудови.

Извор: Тиме.мк - Автор, З. АНДОНОВ


1.471 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: