26/04/2024
SKOPJE

„Земја која го мрази своето име“, странец објави видео од посетата на Македонија

Земја која го мрази своето име“, странец објави видео од посетата на Македонија  

Странецот Густав Ростед неодамна ја посети Македонија.

Тој на социјалните мрежи сподели видео со наслов „Земја која го мрази своето име“.  

„Среќен сум што се вратив по втор пат во оваа земја, но последниот пат кога ја посетив имаше друго име.

90% од луѓето кои живеат тука земјата Не ја нарекуваат Северна Македонија како што всушност е НОВОТО ИМЕ. 

Ова име е навистина незгодно.

Има голема политичка дискусија за името кое беше сменето во 2019 година.

Она што е интересно е дека ПРОМЕНАТА на името се случи по Референдумот кој го БОЈКОТИРАА речиси 65% од граѓаните, што значи дека само 35% всушност гласаа за промена на името на државата.

На Балканот луѓето никогаш не можат да се договорат за тоа што на кого му припаѓа и што се случило во минатото, а тоа изгледа како дискусија која нема крај“, вели тој.

Густав во своето видео вели дека Македонците се многу пријателски расположени.

„Ова е многу интересна и убава земја за посета.

Оваа земја е генерално скриениот скапоцен камен во центарот на Балканскиот Полуостров.

Со својата култура, вкусна храна, уникатната флора и фауна и топлото гостопримство од локалното население, навистина треба да размислите да ја посетите оваа потценета дестинација“, додава тој на крајот од видеото.  

 

ПРЕЗЕМЕНО: Тиме.мк – Скопје1.мк , 19.08.2022 г Скопје 

 

471 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: