27/04/2024
SKOPJE

Вучиќ за „Фајненшл Тајмс“ – Србија, ЕУ и Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Европската Унија никогаш не ја поддржала нашата земја како што сега ја поддржува Украина, на која и додели кандидатски статус истата година кога Киев го поднесе барањето.

Немам ништо против Украинците, но доделувањето на Украина статус на кандидат за членство во ЕУ во рок од една година од поднесувањето на апликацијата и евентуалниот почеток на преговорите следната година, ни покажува дека таква политичка поддршка никогаш не постоела за нас, изјави Вучиќ за Фајненшл Тајмс.

Весникот потсетува дека Киев поднесе барање за членство во февруари 2022 година, неколку дена по почетокот на конфликтот во Украина, а само четири месеци подоцна Украина доби кандидатски статус, додека Србија чекаше повеќе од четири години за почеток на преговорите.

Се наведува дека преговорите меѓу Србија и ЕУ се во застој поради повеќе прашања, меѓу кои е и неуспехот на Белград да ги нормализира односите со Косово.

Дополнително, додава Фајненшл тајмс, Србија е единствената земја на Западен Балкан која не воведе санкции кон Русија, „што дополнително ги намали нејзините изгледи за членство во ЕУ“.

Весникот наведува и дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, неодамна најавил дека ЕУ и земјите од Западен Балкан би можеле да бидат подготвени за проширување во 2030 година, но укажува и дека некои лидери од регионот изразиле сомневање дека ова ќе биде случај.

„Фајненшл тајмс“ потсетува и на неуспешната средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина во четвртокот во Брисел и посочува дека по неа високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Јозеп Борељ, изјави дека „без нормализација нема да има европска иднина или за Косово или за Србија“.

Вучиќ за „Фајненшл тајмс“ изјави дека одложувањето на членството не ја одразува реалноста во Србија, бидејќи, според него, „таа е во многу подобра состојба отколку што беа Романија и Бугарија во 2007 година, кога влегоа во ЕУ“.

Претседателот на Србија ја обвини Унијата за тоа што сè помалку е способна да прими нови членки.

Отпрвин слушнавме дека ќе биде 2025 година, сега е 2030 година, но којзнае што ќе се случи за седум години.

Апсорпционата моќ на ЕУ не е поголема отколку што беше.

Имате 10 нето плаќачи и 17 земји кои ги добиваат тие пари, а ниту една од нив не сака повеќе членови на платниот список, рече Вучиќ.  

 

 

Преземено: Вечер.пресс 17.09.2023 год., Скопје 

 

482 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: