26/04/2024
SKOPJE

Светот денес – Почина Медлин Олбрајт, Првата жена државен секретар на САД

Медлин Олбрајт, почина денеска (23.03.2022 г) на 85-годишна возраст, еден ден пред бомбардирањето на Р.Србија од страна на Нато и САД, кое се случи на ден 24.03.1999 година.

Во Србија ќе остане запаметена како еден од Нај-гласните ПОБОРНИЦИ за бомбардирањето на СР Југославија и Независноста на Косово.

Олбрајт беше ПРВА ЖЕНА – Државен Секретар во Вториот Мандат на Администрацијата на Бил Клинтон кога САД ја нападнаа Србија, поради што беше омилена на Косово.    

Олбрајт е родена на 15 Мај 1937 година во Прага, Чехословачка како Мари Јана Корбелова.

Во времето на раѓањето на Олбрајт, нејзиниот татко служеше како дипломат во Чехословачката Амбасада во Белград.  

Нејзиниот татко, Јозеф Корбел, е роден како Евреин во Чешка, а неговите родители и речиси целото семејство биле убиени во Холокаустот.   

Олбрајт емигрирала во САД од Чехословачка во 1948 година, каде нејзиното семејство побарало политички азил.

Американско државјанство добила во 1957 година.   

По дипломирањето во Мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго, Џозеф Олбрајт и со него имаше три ќерки, близначките Ен, Елис и Кејти.

Во 1996 беше назначена за Државен Секретар на САД од страна на тогашниот претседател Бил Клинтон, од редовите на демократите и на таа функција остана до 2000 година.   

Не беше во можност да се кандидира за Претседател на САД затоа што беше родена во Чехословачка. 

Претходно Олбрајт беше Амбасадор на САД во Обединетите Нации во 1993 година, каде што изврши притисок за построг Меѓународен став против Србите во Босна и Херцеговина.

Тогаш САД во соработка со НАТО бомбардираа Српски цели за да ги принудат да се стави крај на тригодишната војна.

По завршетокот на функциите Олбрајт беше политички коментатор од висок профил.

Професорот Самуел Миколаски, односно Сава Миколачки, еден од најистакнатите американско-српски интелектуалци, на Српската јавност и откри малку познати детали за тоа како Србите го спасиле семејството Олбрајт.     

– “  За неа, Милошевиќ веројатно претставувал комунист и „терорист“ што го принудил нејзиниот татко да побегне од Чешка во Србија, а потоа во САД.

Но, да не беа тие Срби, ниту таа, ниту нејзиното семејство немаше да ја преживеат Втората Светска Војна, ниту упадот на Руските тенкови во Чехословачка и падот на Владата на Бенеш во 1948 година,“  истакнува Професорот.

– “Дотолку повеќе што дури 12 Српски семејства учествувале во спасувањето на семејството Медлин Олбрајт од Нацистите.

Да се потсетиме која е Медлин Олбрајт, какви врски има со Србите и Србија и зошто толку многу не мрази, кога дури 12 Српски семејства учествуваа во спасувањето на семејството Медлин Олбрајт од Нацистичкиот прогон, пишуваат Информер, Новости и Пинк.рс.“   

Косовските Власти од друга страна напишаа дека се шокирани од смртта на поранешната Државна Секретарка на САД, која, според нив, им дала надеж, кога ја немале и станала нивна рака и глас, кога немале, ниту глас, ниту рака.

Олбрајт е позната и на Македонската јавност, прв пат дојде во Скопје во 1996 година, кога како Американска Амбасадорка во ОН дојде во посета по повод отворањето на Американската Амбасада во Земјава.

Следната посета била во 1999 година кога го посети и бегалскиот камп Стенковец каде се фотографираше со децата бегалци од Косово.

Последен пат била во Скопје во 2005 година, кога се сретнала со тогашниот Премиер Владо Бучковски.

ПРЕЗЕМЕНО: Тиме.мк 

554 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: