27/04/2024
SKOPJE

Светот Денес – НАЈ – брутално убиство на делфини и китови,… !!!


Делфинот е морски цицач, близок сродник на китот.    

Постојат речиси 40 видови делфини, распоредени во 17 родови.

Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 кг во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони.

Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени.

Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби и лигњи.

Семејството на Delphinidae е најголемо во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен.

Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура.

Делфинот живее во море или океан.    

************ 

Најголемиот масакр досега – Брутално убиени 1428 делфини на Фарските острови поради традиција    

Ловот одржан во неделата шокираше многумина. Во еден ден беа убиени 1.428 делфини и китови, што е шест пати повеќе од вообичаениот број убиства во текот на целата година.

На 12 септември, 1428 делфини беа брутално убиени на Фарските Острови, се заради традиција.

Ова е најголемиот масакр на делфини досега.

Ловците брутално убиле и мажи и бремени делфини и младенчиња.

Овој лов е традиционален настан каде што во просек се убиваат околу 800 делфини, но оваа година тој број е скоро двојно зголемен.

Според традицијата, убиените делфини би се делеле меѓу семејствата, но локалните жители велат дека ретко кој го јаде тоа месо и дека најверојатно ќе се фрли.

Многу жители на островот изразија жалење и згрозеност кон ловците поради бројот на убиени делфини, бидејќи, како што велат, „сето тоа е премногу“.

Не мислам дека затоа ќе престанеме да убиваме бели делфини. Но, исто така мислам дека ова убиство ќе влезе во историјата како најголемо – рече Захаријасен.

Ејштајн Захаријасен бил еден од ловците. Тој рече дека „пленот“ се проценувал на 600 делфини и тврди дека таков масакр не би се случил доколку ловците знаеле дека има повеќе од 1.400 животни.

Некои локални жители го критикувале масакрот, затоа што имало премалку луѓе за да се справат со делфините, и велат дека им требало премногу време.

Исто така, тие не користеле харпун за да ги убијат китовите, бидејќи се покажало дека е „премногу голем во однос на помалите бели делфини“, тврдат ловците.

Наместо тоа, тие ги заклале со ножеви.  

Ловот е адаптиран во последниве години, вклучувајќи специјално оружје дизајнирано да го направи убивањето на китови, односно бели делфини, што е можно похумано, односно тоа е специјална алатка во форма на харпун која го сече ‘рбетниот мозок и веднаш го убива животното. 

Исто така, е воведен закон кој бара секој што ќе ги убие споменатите животни да има завршено курс и лиценца за дејноста.





МЕСТОТО КОЕ Е ЗАОКРУЖЕНО ВО ЦРВЕНО Е ЛОКАЦИЈА НА ФАРСКИТЕ ОСТРОВИ. 

Фарски острови - група на острови, вкупен број е 18 острови, од кој еден е ненаселен, лоцирани се во Атлански океан помеѓу Норвешка, Шкотска и Исланд, на овие острови има многу езера и реки, богата флора и фауна, се одгледуваат многу овци, компири и свеж зеленчук, вкупен број на жители околу 50.000 лица, највисока точка е со надморска височина од 882 метри, главен град е  Торсхавн, брои 19,000 жители, името во превод значи пристаниште Тора, кое по нордиската митологија е бог на грмотевицата.   
 
Фарските острови се автономен регион на Кралството Данска од 1948 г. и со тек на времето, ги имаат во своја надлежност повеќето области, а одбраната и надворешните работи се во надлежност на Данска.   

Религиска припадност - ПРОТЕСТАНТИ. 

Фарскиот јазик е прв јазик на кој се зборува и спаѓа во групата на индоевропски јазици,поточно во групата на германски јазици.   

Данскиот јазик е втор јазик во државата и се користи во училиштата. 

 

Главен град на Фарските острови – Торсхавн 

 

Автор: Елена Петровска – СЕ СРАМАМ ОД ЧОВЕЧКИОТ РОД,… !!! 

 

653 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: