28/03/2024
SKOPJE

Роскосмос & НАСА наспроти Москва & Вашингтон


Последните неколку денови има најава дека Светска Здравствена Организација ќе прогласи КРАЈ на Пандемијата КОВИД 19, која стресно и драматично ја живееме повеќе од 2,5 години.
За потсетување: - Корона вирусот за прв пат се појави во месец Декември, 2019 година во Кина, а свој ужасен смртоносен замав зеде во Март, 2020 година во северните делови на Италија, и на крај таа смртна интензивност на вирусот скоро да запре со првичната воена интервенција на Русија над Украина која започна на 24 Февруари 2022 година, за да до денес сите параметри на инфицирани, болни и починати сигнализираат завршување на Корона Пандемијата. 

Исто така се најави и КРАЈ на воената интервенција на Русија кон Украина. 

Остана само грижата за Економската криза која бележи високи цени на основните прехрамбени продукти и лимитирани и тешки за набавка енергетски ресурси и ПРОГНОЗАТА од еден Руски Идеолог и Филозов дека сме на “работ од Трета Светска Војна“ !!! 

САД заедно со ЕУ најексплицитно прави строги економски санкции кон Русија и нејзините богати олигарси, НО СЕПАК СЕ ОТВОРИ ПРАГМАТИЧЕН ПРОЗОРЕЦ НА ЖИВОТ И СВЕТЛИНА, 
А ТОА Е ЛЕТОТ ВО ВСЕЛЕНАТА кој ќе трае 3 МЕСЕЦИ, каде тимски ќе настапат Роскосмос од Русија и НАСА од САД. 

- Дали истото ЗАЕДНИШТВО, ПАРТНЕРСТВО И СЛОГА може да ЗАЖИВЕЕ и во “ГЛОБАЛНИОТ СОЖИВОТ“ помеѓу НАТО-САД, Велика Британија, Комонвелтот, Јужна Кореја и ЕУ од една страна и Русија, Кина, Индија, Северна Кореја, Арапските земји од друга страна ??? 

Текстот подоле дава ИНДИЦИЈА дека нешто се случува во пошироката “СЛИКА“ која не е доволно видлива и разбирлива за Обичното Човечко ОКО !!! 
АВТОР: Елена Петровска 

Прв пат од војната во Украина:

САД и Русија заедно испраќаат астронаути во вселената  

Русија и САД денес испраќаат екипаж на Меѓународната вселенска станица во прва заедничка мисија од Руската Инвазија во Украина  

Со капсулата Сојуз ќе полетаат космонаутите Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин, како и астронаутот Френк Рубио на НАСА.

Лансирањето е закажано од космодромот Бајконур, летот до Станицата ќе трае 3 часа, додека екипажот ќе мине 3 месеци во вселената.

Пред неколку недели Рубио соопшти дека станува збор за „многу важна мисија“, додавајќи дека станал добар пријател со членовите на Рускиот Екипаж.  

Соработката на НАСА со Руската Вселенска Агенција Роскосмос ја оцени како „добра и силна“, без оглед на напнатоста меѓу Москва и Вашингтон.

„Мислам дека е важно кога минуваме низ моменти на напнатост во други свери, човечкиот лет во вселената и истражувањата, страста што ја делат двете Агенции, да остане еден вид облик на дипломатија и партнерство.

Нешто што го делиме и настојуваме заеднички да постигнеме исклучителни работи“, изјави Американскиот Астронаут.

ПРЕВЗЕМЕНО: Тиме.мк 21.09.2022 година Скопје 

 

 

216 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: