29/03/2024
SKOPJE

Реалниот живот го заменивме со виртуелна реалност,…

Во 21 – виот век Информатичката технологија, односно воспоставувањето и развивањето на ИНТЕРНЕТ МРЕЖАТА, како една од карактеристиките на Планетарната ГЛОБАЛИЗАЦИЈА, Реалниот живот го замени со ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ, а луѓето секојдневните активности, работата и социјалното дружење ги поминуваат пред мониторите на компјутерите и смарт телефоните,… Се појави некаква презаситеност од сите социјални мрежи, а резултатот од истото може да го означиме со зборовите : 

„вербална дијареа“ и „ментален запек“.     

Време е да станеме свесни и да одговориме рационално на овој предизвик, да не дозволиме модерното и современото да ги уништи традиционалните вредности на социјалното дружење, физичкиот допир на поздравувањето, контактот со очите, мирисот на соговорникот, звукот на смеата или изговорениот збор, споменот на ликот што го гледаме пред нас,.. 

Го живееме 21- виот век, но да не дозволиме досегашните човечки спомени да се претворат во замрзнати слики на монитори на компјутери или телефони. 

Елена Петровска Аџи-Спиркоска 

 

 

 

385 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: