06/05/2024
SKOPJE

Нов закон во Хрватска: Затвор доколку го напуштите вашиот миленик

Напуштањето на животните во Хрватска наскоро би требало да стане кривично дело со затворска казна до една година, пишува „Јутарњи лист“.

Тоа ќе биде дел од новиот пакет измени на Кривичниот законик, кој веќе една година го пречистува работната група на тамошното Министерство за правда и администрација, а кој досега бил втор план, па затоа за него не се дебатирало воопшто во јавност.

Но, од документите на работната група која работи на новиот закон, јасно се гледа дека во овој пакет измени Министерството одлучило да работи на зајакнување на заштитата на животните, со што напуштањето на животните се третира како кривично дело.

Во Хрватска за првпат напуштањето на животните се третира како кривично дело за кое може да се изрече затворска казна. 

 

Преземено: Лидер.мк 17.09.2023 година Скопје 

 

352 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: