29/03/2024
SKOPJE

МЕДВЕДЕВ – Русија води света битка со САТАНАТА,…

МЕДВЕДЕВ:

Русија води света битка со САТАНАТА , оружјето ни е вистината, ние сме голема земја, која има се и туѓи територии не ни требаат   

Русија се бори против светот кој умира за својата света земја и луѓето што живеат на неа, а нејзиното оружје е вистината, ова е света битка со сатаната, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев по повод Денот на националното единство, кој е се слави денеска во Русија.

– За што се бориме? Руската Федерација е богата и огромна земја. На Русија не и требаат странски територии, ние имаме се во изобилство, напиша Медведев во текстот со наслов „Зошто нашата борба е правилна“, пренесе хрватски Индекс.

Медведев пишува дека Русија „нема никому да ја предаде својата земја“.

– Ние го штитиме нашиот народ, се бориме за своето, за државата, за илјадагодишната историја, напиша Медведев.

Тој нагласи дека Русија „се бори против оние кои ја мразат, кои забрануваат јазик, вредности и религија, влеваат омраза кон историјата на татковината“.

Според Медведев, дел од светот на умирање се и куп луди нацисти зависници од дрога, луѓе заплашени и дрогирани од нив, како и кучиња што лаат од западните одгледувачници и други претставници на пропаднатата западна империја.

– Тие немаат идеали и вера, освен безобразните навики што ги измислија и двоумните стандарди што ги наметнуваат, негирајќи го моралот на нормалните луѓе.

Со застанувањето против нив, добивме света моќ, пишува Медведев.

И другите земји го чекаа ова будење, продолжува Медведев, кои наскоро целосно ќе се разбудат.

– И кога гнилиот светски поредок ќе се сруши, тој ќе ги закопа сите свои подбивачки слуги, арогантни свештеници, крвожедни адепти и глупави манкурти под огромен куп отпад, напиша тој.

Манкуртите што ги спомнува Медведев се митолошки непромислени робови, додека адепт е име за член на мистична и езотерична секта.

– Постои можност да ги испратиме сите наши непријатели во пеколот.

Но, тоа не е наша задача, продолжи Медведев и нагласи дека „светата руска цел е да се запре господарот на пеколот, без разлика кое име го користи, бидејќи смртта е негова цел, а животот е нашата цел“.   

 

ПРЕВЗЕМЕНО: Денешен.мк – Извор: Индекс (Хрватска)

 

287 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: