23/04/2024
SKOPJE

Македонија денес, жална Македонија – Судијката Оља Ристова  

Лајкуваше кога ги апсеа, а денес ќе им го оценува обвинителниот акт:

– Апелација не ја иззема судијката Оља Ристова !!!   

Апелациониот суд во Скопје ја одби жалбата на Адвокатите во најновиот случај за т.н. организатори на настаните од 27 Април, 2017 г. со која се бараше изземање на судијката Оља Ристова од советот кој треба да го оценува обвинителниот акт.   

Одбраната побара нејзино изземање на претходниот датум за оценка на обвинението, но претседателот на скопскиот кривичен суд Иван Џолев го одби ваквото барање, после што беше вложена жалба.   

Жалбата немаше одговор од Апелациониот суд сѐ до денес, (23.08.2022 год.,), денот кога според претходно договореното требаше да се одржи седница за оцена на обвинителниот акт, но претпладнево на брз начин Апелација ја објави одлуката со која се одбива жалбата за изземање на Ристова.    

Адвокатите и осомничените бараа изземање на Судијката Ристова по два основа: 

1- Првиот основ е дека веќе има формирано мислење за случајот имајќи предвид дека веќе носела пресуди во еден од претходните случаи за настаните од 27 Април, 2017 г., 

2- Вториот основ е дека судијката, која е сестра на активистот на СДСМ Боби Илиевски, на фејсбук лајкувала статус на нејзиниот брат на објава за апсење на еден од осомничените во овој случај. (Братот на судијката Ристова е познат активист на СДСМ по социјалните мрежи кој често лиферува шпекулации со јасна политичка поддршка кон партијата на Заев, како и ставови поврзани со случувањата во судовите, често во одбрана на својата сестра, а напаѓајќи некои нејзини колеги.), 

Со ова, според одбраната, се повредува принципот на непристраност на судиите кој е нивна законска обврска, бидејќи судијката покажала „допаѓање“ (лајк) на објава за апсење на еден од осомничените во овој случај.

Сепак, ова не беше доволно ниту за судиите од Апелациониот суд па во набиената агенда на судот не се најде разбирање за овие аргументи на одбраната. 

 

ПРЕЗЕМЕНО: Тиме.мк – Република он лајн 24.08.2022 год., Скопје 

 

367 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: