30/01/2023
SKOPJE

Македонија ДЕНЕС,… !!!

Македонија ДЕНЕС,… !!!
Македонија денес е пред ИЗБОРИ, иако на 8 – ми Септември, одбележа 30-сет години независност, Република Македонија е мало дете без родители, и двете најголеми политички партии и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ СЕ САМО ДЕКЛАРАТИВНИ ПАРТИИ.
Што тоа значи ???
ВМРО ДПМНЕ се крие позади својата ИДЕОЛОГИЈА ЗА ГОЛЕМА МАКЕДОНИЈА, но во реалноста во партијата владее ВИСОК КОРУМПИРАН КРИМИНАЛ.
СДСМ се крие позади својата ИДЕОЛОГИЈА ЗА СОЦИЈАЛА И ДЕМОКРАТИЈА, но во реалноста во партијата владее ВИСОК КОРУМПИРАН КРИМИНАЛ.  
И во двете ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ криминалот е присутен од највисоките позиции – лидери и функционери до најниските позиции – државни службеници ( го имаат својството на СОНЧОГЛЕД, независно која Партија е владеачка, тие секогаш се на раководни позиции и патуваат по свет на семинари и обуки). 
Има Македонци кои и на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ им ги вратија членските книшки, затоа што не можат да се носат со криминалот што владее во редовите на партијата, седат на “страна“ немоќни да сменат нешто,
има многу Македонци кои се ИСЕЛИЈА од Република Македонија ВОДЕЈЌИ СЕ СО КАУЗАТА – животот е премногу краток за да го поминат во “исправање на криви дрини“, и мудро размислуваат, не секој сака да се занивама со политика, но ако си Политичар БИДИ ЧЕСЕН И ПОШТЕН И ДОМАЌИНСКИ ВОДИ ЕДНА ДРЖАВА.  
Македонија ДЕНЕС е пред ИЗБОРИ, треба да гласа, НО ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСА ?!!!
Македонија ДЕНЕС е мало дете без родители, пред ИЗБОРИ, и треба да гласа, НО НЕМА ЗА КОГО ДА ГЛАСА, вистина Македонците се НАЈСРЕЌНИ ЛУЃЕ на планетава !!!   
Автор: Елена Петровска       
450 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: