28/03/2024
SKOPJE

Македонија денес, жална Македонија: Весна Дамева никогаш не била судијка, ама затоа сега ќе им „расплаче мајка“ на судиите

ПРИПРАВНИК ТЕ ТУЖИ, ПРИПРАВНИК ТЕ СУДИ Весна Дамева никогаш не била судијка, ама затоа сега ќе им „расплаче мајка“ на судиите

Народот добива впечаток дека судиите коишто треба да одговараат за изборот на судиите и коишто треба да ја следат и да ја оценуваат работата на судиите, всушност, не се судии туку судски приправници и стручни соработници, коментира поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

Безобразието не би било толку големо, коментираат правниците, доколку се испочитувало барем едно основно правило коешто со црни и задебелени букви е наведено во иницијативата: „шеф на Судскиот совет не може да биде правник кој не доаѓа од редот на судиите“.

А еден од тие луѓе кои немаат право воопшто ни да помислат да се кандидираат за претседател на Судскиот совет е токму – Весна Дамева. 

Новоизбраната шефица на Судскиот совет, односно главниот човек кој треба да седне на највисокото столче и оттаму да ја надгледува и да ја оценува работата на судиите, всушност, никогаш не бил судија.

Дамева е дипломиран правник која своето работно искуство најмногу го стекнала во Кривичниот суд Скопје, прво како приправник, а потоа и како стручен соработник.

Никогаш не била судијка !!! 

За членка на Судскиот совет е избрана во декември 2019 година по предлог на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Од гласините коишто кружат во јавноста може да се сфати и дека Данева наводно е блиска пријателка и соработничка со Добрила Кацарска од Уставен суд, а со која, како што објави Сведок, заедно ја пишувале пресудата за предметот „27 април“, кој сега е пред Врховниот суд.

Во јавноста се појавија и фотографии на коишто е прикажано како новоизбраната шефица на Судскиот совет се дружи со членови на сегашното и на претходното раководство на СДСМ, вклучувајќи го и експремиерот Зоран Заев.

Како единствен предлог, Дамева на вчерашната седница беше изгласана со 10 гласа „за“ и 1 глас „против“, а функцијата претседател на Судски совет се избира со мандат од две години од редот на членови на Советот, кои се избираат од Собранието.

Една грешка, втора грешка, трета грешка.

Само се повторуваат и се реплицираат грешките, а ние талкаме кон безизлезот без да сфатиме дека е потребна силна реформа и преиспитување на сите субјекти во системот, вели за Плусинфо поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

Тортевски: – Штом поставуваш некој неквалификуван на позиција, тоа значи дека утре тој мора да ти испорача услуга.

Апасиев: – Дочекавме судиите да одговараат пред приправниците

 

ПРЕЗЕМЕНО : ПЛУСИНФО.МК  06.12.2022 г Скопје 

 

 

 

462 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: