23/04/2024
SKOPJE

Македонија денес, жална Македонија – АГЕЛЕР: Судството во кое сме инвестирале милиони и милиони, е огромно разочарување

АГЕЛЕР: Судството во кое сме инвестирале милиони и милиони, е огромно разочарување

Американската амбасадорка Анџела Агелер – Во интервјуто американската амбасадорка се осврна и на состојбата во судството за која рече дека e длабоко разочарувачка.  

 

„Дури и во ова време во кое што сум тука, а денеска се навршува еден месец видов работи кои се збунувачки, проблематични и, како што кажав, тоа е огромно разочарување.

Ние говориме за декади од инвестиции.

Говориме за милиони и милиони долари, платени од даночните обврзници на САД, за да се инвестира во судството на оваа земја.

Во овој момент фер е да се каже дека сме обучиле, во една или друга форма, многу над мнозинството во правосудниот систем во оваа земја.

И затоа верувам дека како поврат на таа инвестиција ние, но уште поважно граѓаните на оваа земја, заслужуваат да видат поврат на таа инвестиција.

Заслужуваат да видат судство што работи за нив, кое им покажува дека тие можат да добијат правда.

Дека правдата им е достапна.

И тоа би било оддолжувањето кое ние како САД и како Амбасада и во Вашингтон го очекуваме.

Едноставно, да знаеме дека луѓето во оваа земја можат да гледаат во своите судии, обвинители, истражители и да знаат дека ќе добијат еднаква правда за сите.

Тоа би било супер“,

рече Агелер.

Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем.

Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција.

Политичкото мешање нема место во овие постапки.

Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“,

одговори амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на прашање на „360 степени“.

 

ПРЕЗЕМЕНО: 360степени.мк 06.12.2022 година Скопје 

 

490 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: