24/04/2024
SKOPJE

Македонија ДЕНЕС – 2 ,…

На 96-тата седница на Владата на РСМ, одржана на ден 05.08.2021 година, Првиот заменик на претседателот на Владата на РСМ Артан Груби, потпиша Уредба за утврдување на буџетските корисници од централната власт, поблиските критериуми и начинот на утврдување на висината за остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетските корисници на централната власт, број 40-8699/1 и истата е објавена во (“Службен Весник на РСМ“ број 180/2021).     

   

А: Имено, Уредбата е донесена еден ден пред распишување на Локални-те Избори 2021 година на Република Македонија, (05.08.2021 година), ЗНАЧИ ДОНЕСЕНА И ОБЈАВЕНА ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ ВО ИСТИ ДЕН 05.08.2021 ГОДИНА, иако мора да се испочитува РОКОТ НА ОБЈАВА – VACATIO LEGIS – кој трае осум (8) дена и потоа стапува во сила, 13.08.2021 година или во време на распишани локални избори што е спротивно на Законот. 

Со Уредбата индиректно-неформално се утврдени ДВА СПИСОКА:  

– Првиот Список е списокот на Државни службеници кои се корумпираат со цел да бидат гласачи на актуелната Власт, со плаќање до 30 % како додаток на плата, на 30 % од вработените на секоја Институција, согласно член 3 од Уредбата – утврдени се 21 (дваесет и една) институција, а тоа се:     

– сите 16 – сет Министерства,

– Владата на РСМ,

– СЕП (Секретаријат за европски прашања),

– Секретаријат за законодавство,

– ДЗР (Државен завод за ревизија) и

– Служба за општи и заеднички работи на Владата на РСМ,

и тоа за ВРЕМЕ кое се утврдува со Решение посебно за секој вработен кој се наградува, кое решение го носи Раководителот на буџетскиот корисник, (значи тоа може да биде еден, два, три или повеќе месеци или на неопределено време),    

– Вториот список е списокот на Државни работници кои се неподобни, неработници и кои не треба да земаат до 30 % додаток на плата.     

Б: Уредбата може да се примени за најмногу 30% од вработените од 21- една државна институција – буџетски корисник, по предлог на Раководител и донесено Решение на раководното лице на буџетскиот корисник, член 8 од Уредбата, на претходниот начин со Уредбата се изземени 70% од вработените државни службеници кај буџетскиот корисник и се ставени во нерамноправна положба, на претходниот начин повреден е член 9 од Уставот на РСМ.   

Член 9 од Уставот на РСМ, – Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.  

В: Уредбата е во спротивност со:

– Законот за работни односи,

– Законот за административни службеници,

– Законот за плати и

– Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ ( “Службен весник на РМ“ број 10/08 и 85/09), каде согласност дава Синдикатот.

Г: Уредбата е донесена во време на Пандемија, Ковид-19 кога многу државни службеници отсуствуваат од работа поради болест или карантин, а исто така се користат и годишни одмори.

ПАНДЕМИЈАТА започна официјално во првата декада од месец Март 2020 година и трае до денес, 14 Септември, 2021 година, во овој период СИТЕ државни службеници одеа на работа со ротација, со скратено работно време, со работа од дома, СО ЕДЕН ЗБОР – ИМАШЕ И ИМА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА, ВИША СИЛА, ВИРУС, КОЈ ЦЕЛОСНО ЈА ПАРАЛИЗИРА РАБОТАТА НА СИТЕ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ, вработените одсуствуваат по различни основи како карантин, болест со домашно или болничко лекување, имаше и смртни случувања, И НЕБЛАГОДАРНО Е ДА СЕ ДОНЕСУВА УРЕДБА за додаток на плата КАКО НАГРАДА ЗА 1- Специфичност на работите и работните задачи и 2- Зголемен обем на работа согласно член 5 и 6 од Уредбата за 30 % од вработените од 21-на Институција.

Значи во овој период НЕМАВМЕ “ХЕРОИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ“, никој не беше имун на вирусот, затоа што масовно имаше и голем страв, паника и хистерија.    

Зошто за ОВАА НЕПРАВДА И НЕЗАКОНИТОСТ МОЛЧИ, НЕ ПОСТАПУВААТ И НЕ ПРЕВЗЕМААТ КОНКРЕТНИ АКТИВНОСТИ ???  : 

– Министерот за финансии,

– Кабинетот на Министерот за финансии, – Државен секретар,

– Секторот за внатрешна ревизија на Министерство за финансии,

– Секторот за Јавна внатрешна финансиска контрола на Министерство за финансии,

– Раководителите на Сектори и Одделенија во Министерство за финансии,

– Министерот на информатичко опшество и администрација,

– Државна комисија за спречување на корупција,

– Комисија за заштита од дискриминација,

– Државен завод за ревизија,

ПРЕДЛОГ:

Уредбата да се стави вон сила.

Да се превземат дејствија:

Основната платата на СИТЕ државните службеници во централната власт да се зголеми ПОСТОЈАНО за 30 % на начин и постапка уредено со Закон.

Автор: Елена Петровска    

544 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: