24/04/2024
SKOPJE

Колумна – Јагнула Куновска – Народе! – Се јави намесникот…

Колумна – Јагнула Куновска – Народе! – Се јави намесникот…

и на својот профил, покрај зборот Предавник, си додаде – и, Налудничав!

Народе! – не дај Боже да има негово наредно јавување.

Откако ни ги забранија употребата на зборовите – Македонија, Македонски… а продолжија да ќутат пред фашистичката наезда – на секој Бугарин по еден отворен клуб… можно е, ако се јави одново да ни држи говор, да нѐ поздрави со ХАЈ…? , со Свастиката окачена на чело.

Бугарскиот фашизам, Народе – окапи го!

Замени го со зборот  „идиотизам“ и толку.

– Тој е само мало жарче од европското збувнато фашистичко жариште и американската разбеснета пироманија.

Да им обрнеме заслужено внимание на потпалувачите и одржувачите на огнот, кои ни се дома.

Како ГОВЕДА ги товиме и место ние нив, тие нас нѐ водат таму каде што наумиле – ВО КЛАНИЦА.  

На САД – НАТО и обезличениот Брисел, им одговара, не само Македонија туку целиот Балкан да се раскрши како леб и да се растроши слободата на народите – внатре во своите држави да не можат по свој избор да се изјаснуваат и да го уредуваат  животот.

Тие, со притисоци и закани наместо нас да одлучуваат преку наметнати апаши и туѓи платеници, кои за возврат – под нивно закрилје  го пљачкаат народот, се разбира – без да одговараат.

ТИ, Намеснику!, што ни се јави како  БОЖЈЕ СЛОВО и ни одржа епски говор,  си еден од тие – однадвор наметнати апаши.

ТИ си еден од формалните водачи на криминално – политичката мафија која се закотви во Македонија од нејзиното осамостојување до денес, и функционирате успешно, поддржани од западните квази-политичари, исти како вас – апаши, кои за нивна срам, со потценувачки и шалабајзерски став кон Македонците и македонската држава само ни се вн’ѕарат по земјава, и чиниш сме будалетинка народ, па заканувачки нѐ миросуваат со нивните исплуканици, загрижени, единствено за нивниот политички опстанок и длабокиот џеб.    

ТИ и свитата околу тебе го ограбивте МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !

Кога ти велам дека си апаш и ограбувач, пред сѐ мислам на духовниот грабеж на вековните скапо платени идеали на народот – слободата, националниот идентитет и самобитноста на национална држава Македонија.

Тие ѕвездени флуиди кои вие ги препокривте со националното  предавство, не може со пари да се надоместат и повратат.

Материјалното пљачкосување на народот може да се тргне настрана… но, ова – исчезнувањето на нас Македонците од врвцата на нашите предци, кое го сторивте за пари и власт, нема никогаш да ви се прости… Ни забивте нож во срце… вечно да крвариме!

ТИ Намеснику – ,немаш право пред народот да се претставуваш како  „предводник  на концепт за европска иднина…“ – тој не те избра!

И не го прифати тој твој, како што го нарекуваш – Концепт, кој ти е предаден како штафета од најголемиот човеколик злосторник на македонскиот народ – изродот Заев, кога те намести на власт како негова замена за да го продолжиш и завршиш неговото историско предавничко  дело.

Затоа, престани да ни се појавуваш пред очи за да ни држиш говори од друг напишани!

Ти не чувствуваш одговорност за тоа што го зборуваш и правиш, затоа што си само нечија алатка – слуга.

Немаш „душа“ за народот кој е сит од таквите лигавења…  

Се изложуваш на потсмев кога велиш дека си донел ОДЛУКА „со КРЕНАТА ГЛАВА  ДА ЧЕКОРИМЕ И ДА СЕДНЕМЕ НА  ГОЛЕМАТА МАСА, во Брисел… заедно со другите членки на овој Сојуз, кои имаат економски напредок, социјална правда и владеењето на правото…“.

– Па, за каква крената глава, и чекорење кон европската „голема маса“ му глагољаш на политички обезглавениот и економски уништениот народ?

Кому читаш поезија?

Мислиш дека ќе ти верува на твојата полетност, ваков каков што е? – социјално обесправен и третиран исто како саланќопеците кои секој ден се тероризирани по улиците, по кои мораат да талкаат за да опстанат?

Го лажеш дека со „пружи рака и земи…“ нѐ чека Европа за да нѐ нарани?

И во тоа си ист како твоето КВАЧИЛО, кое за да дојде на власт по раскрсниците окачи безброј табли со натпис за бесплатно здравство… кое денеска го дотеравте до опљачкана  руина.

Не ти личи Предавнику! да ветуваш правда и владеење на правото!

Во оваа држава која не е веќе на Македонците, ниту има правдина, ниту може да се зборува за некакво усогласување на законите со европските.

ТИ и ТИЕ до тебе, со од вас избраните стручњаци на кои се повикуваш, прво ги дораспарчивте институциите преполнувајќи ги со нестручни – неписмени партиски кадри, послушници, чија единствена работа беше, и сега е, да ве гласаат на избори и да ве штитат додека го пљачкосувате народот и ја распродавате државата.

Потоа, со гумичка ги избришавте правдината со сѐ почитувањето на законите и наместо нив, применувате заповеди, кои ги реализирате како туѓи стремежи…

Злонамерно е  да тврдиш дека како што си почнал,  „државата ќе ја внесеш во ЕУ до 30-тата… –  Која и чија држава?

Оваа Македонската?, на која вие осојузените предавници ѝ го одзедовте и продадовте името, јазикот, историјата… и ја претворивте во оградени пашалаци и заштитени  територии со белези од здружените балисти и бугарски фашисти?

Нема веќе македонски белези по земјава!

– Ги ископачивте, избришавте, преправивте, покривте… Сѐ направивте, само да ги снема од  престорената и непрепознатлива Македонија.

ТИ, немаш образ да го повикуваш македонскиот народ на некакво ОБЕДИНУВАЊЕ!

На овој народ неопходно му е обединување, но не за албанизација и бугаризација на македонската земја, какво што поддржуваш  кога читаш –  „на добар пат сме…“.

Еее… таксиратлија!

Не го потценувај народот кој како божја казна те трпи.

– Свесен е дека водејќи нѐ со врзани очи по туѓ пат „за Европа“, државата ја сопре како пред рампа и ни ги префрли нашите скршени кичми преку неа… Нема натаму… !

– Тоа е одлуката на народот, која ти катадневно ја слушаш и пак продолжуваш по старо, како налудничав.

Со тебе како змија сплеткан околу вратот, може само како непогребани мртовци да нѐ влечеш зад себе и да продолжиш „КАКО ДО СЕГА“, туѓ ПРИПРАВНИКУ! – со суфлер до тебе,  без  срам да се фалиш  – „работам за идните генерации…“.

ТИ, кој продолжи да му го одземаш на народот елементарното човеково право да биде свој на своето, дочекавме да ни се фалиш – „инвестираме во борба против корупцијата и криминалот… да засукаме ракави!“

Кои ракави бедо од човек? 

ТИ, со твоите од власта сте првите во стројот на корумпираните криминалци, па чии ракави ќе засукате…? кога на народот им ги поткастривте со сѐ рацете, до рамења?

Со тебе, со неодговорниот претседател на државата кој не знае кога – што зборува, и соѕвездието кое ве опкружува составено од самонаречени Мисионери, односно – нечии Месии и партиски уличари удостоени со императорска диктаторска власт, што како народ и држава нѐ донесовте до самиот раб на сеопштиот егзистенционален опстанок – не е можно да се оди напред!

Нѐ изложивте на туѓо мајтапење…!

Понижени и засрамени, нѐ спаднавте на дереџе да нѐ споредуваат со КУЧЕШКА ОПАШКА, која секој шинтер може да ја потегне, за да нѐ залови… Вие молчите, проклетиии! 

А, ние не сме кучешки сој… Ние сме горд, но понижен… несфатливо замолчен, трпелив и поради тоа унесреќен народ, кој е воден од туѓа измеќарска ВЛАСТ која се храни со кучешки лајна!

ПРЕЗЕМЕНО: ПЛУСИНФО.МК – АВТОР НА ТЕКСТ: ЈАГНУЛА КУНОВСКА, 20.10.2022 год., Скопје 

364 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: