23/04/2024
SKOPJE

Форбс : 10 – те Нај Богати Американци за 2022 година

Секоја година „Форбс“ објавува листа на 400 најбогати Американци.

Угледното списание наведува и дека оваа година во САД има помалку милијардери од вообичаено поради инфлацијата предизвикана од војната во Украина.

Вкупното богатство на 10-те најбогати Американци е 1,1 трилион долари.

Едно од најголемите изненадувања годинава е тоа што основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, по осум последователни години, веќе не е на топ-10 листата.

Причината е падот на акциите на „Мета платформс“, поради што фирмата загуби 74 милијарди долари.

По пет последователни години, и Џеф Безос веќе не е на првото место, а таму сега се наоѓа Илон Маск – сега и официјално најбогатиот човек во Америка.

Следува списокот 10 најбогати луѓе во САД: 

1. Илон Маск. Нето богатство: 251 милијарди долари (лани: 190,5 милијарди долари). Извор: Тесла, Спејс-Икс.

2. Џеф Безос. Нето богатство: 151 милијарда долари (намалување од 201 милијарда долари). Извор: Амазон.

3. Бил Гејтс. Нето богатство: 106 милијарди долари (лани: 134 милијарди долари). Извор: Мајкрософт.

4. Лери Елисон. Нето богатство: 101 милијарда долари (лани: 117,3 милијарди долари). Извор: Оракл.

5. Ворен Бафет. Нето богатство: 97 милијарди долари (намалување од 102 милијарди долари). Извор: Беркшир Хатавеј.

6. Лери Пејџ. Нето вредност: 93 милијарди долари (лани: 123 милијарди долари). Извор: Гугл.

7. Сергеј Брин. Нето богатство: 89 милијарди долари (лани: 118,5 милијарди долари). Извор: Гугл.

8. Стив Балмер. Нето богатство: 83 милијарди долари (намалување од 96,5 милијарди долари). Извор: Мајкрософт.

9. Мајкл Блумберг. Нето вредност: 76,8 милијарди долари (наспроти 70 милијарди долари лани). Извор: Блумберг.

10. Џим Волтон. Нето богатство: 57,9 милијарди долари (намалување од 68,8 милијарди долари). Извор: Волмарт.

 

ПРЕЗЕМЕНО: Тиме.мк 02.10.2022 год., Скопје 

 

 

273 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: