23/04/2024
SKOPJE

Дејан Кулушевски одби да даде интервју на македонски јазик

Дејан Кулушевски одби да даде интервју на македонски јазик, по крајот на натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем, напаѓачот разговараше со новинарот на Спорт Клуб и побара да комуницираат на англиски јазик.  

Коментаторот почна да му зборува на хрватски јазик, но Кулушевски брзо го прекина со прашање на кој јазик треба да му одговара.

Опцијата беше македонски јазик која шведскиот репрезентативец брзо и категорично ја отфрли.

Дејан Кулушевски е роден во Стокхолм, но неговите родители потекнуваат од Македонија и често доаѓа на одмор во Охрид.

Има играно за репрезентацијата на Македонија до 16 години, но потоа престана да одговара на повиците и одлучи да го облече дресот на Шведска, кој го носи и ден денес.   

ПРЕЗЕМЕНО: Тиме.мк  13.03.2022 г 

 

533 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: