20/04/2024
SKOPJE

Дали Мирјана Лазарова – Трајковска е ДОСТОЈНА за судијка за во Меѓународен кривичен суд во Хаг ?!

Кандидатурата на Лазарова-Трајковска е поддржана од претседателот на Република Северна Македонија, од МНР и од Судскиот совет на Република Северна Македонија

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање кандидатка, д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг.   

„Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Северна Македонија.

Земјава е дел од Источноевропската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22. сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 до 14 декември 2023 година во Њујорк. Мирјана Лазарова-Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Оддел за казниви дела, Претседателка на Одделот за судење во разумен рок и одделот за судска практика), поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Република Северна Македонија“,

информираат од Владата.    

Кандидатурата на Лазарова-Трајковска е поддржана од претседателот на Република Северна Македонија, од МНР и од Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Kако највисоко рангирана, Мирјана Лазарова-Трајковска беше едногласно избрана за судијка за кривичната област во Врховниот суд во февруари 2020 година.
Таа е поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а била и уставен судија во периодот од 2003 до 2008 година.
Во нејзината професионална биографија се запишани повеќе работни места во МВР во периодот од 1988 до 2001 година, краток период работела и во Секторот за човекови права во МНР, а од јули 2002 до мај 2003 била претседателка и на Државната изборна комисија.

 

ПРЕЗЕМЕНО: 360СТЕПЕНИ.МК 21.03.2023 год., Скопје  

КОМЕНТАР И ЗАБЕЛЕШКА НА ТЕКСТОТ ПОГОРЕ – ОБРАЌАЊЕ до Владата на Република Северна Македонија 

До: 

Владата на РС Македонија

Скопје

Почитувани!

Постои основано сомнение Владата на РСМ, Министерството за надворешни работи, Претседателот на РС Македонија и Судскиот совет на РСМ не ги зеле во предвид отежнителните околности за номинирање на Мирјана Лазарова Трајковска за судија на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Против осомничената Мирјана Лазарова Трајковска од Скопје поднесени се повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје и ОЈО Прилеп за основано сомнение
“ Злоупотреба на службена положба и овластување “ кривично дело од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик на РСМ и кривично дело “Измама“ од член 247 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ и тоа како судија на Европскиот суд за човекови права Стразбур Франција.
Претходното во врска со Апликација (Жалба) од 2004 година за повреда на одредбата од член 1 “Заштита на сопственоста“ од Протокол 1 на Европската “Конвенција за заштита на човекови права и основни слободи“, по кои кривични пријави Де Факто органите за гонење не постапија.
Односно не ги прибавија списите од предметот на Европскиот суд за човекови права Стразбур Франција и со сигурност не утврдија дали е донесена пресуда или со која правна работа е решен предметот и кога е решен, во кој беше истакната оштета од 244.000 евра.
Имено во 2014 година до барателката е доставена пресуда наводно од ЕСЧП Стразбур Франција, во уводот на пресудата нотирана е како судија Мирјана Лазарова Трајковска, со пресудата одбиено е барањето и.т.н.т и пресудата незаверена, без печат на ЕСЧП Стразбур Франција е доставена до барателката.
Предлагам:
Владата да се заземи за повторно отворање на кривичните пријави во ОЈО Прилеп против Мирјана Лазарова Трајковска и со сигурност да се испита со која правна работа е решен предметот и на кого и кога се исплатени 244.000 евра оштета по основ надомест за пречење на мирно уживање на правото на сопственост за градежно земјиште кај Градски Пазар Прилеп- предмет на денационализација од 12.09.2000 година и предмет на утврдување право на сопственост во судска постапка од 2014 година.
САМО ПРЕДЛОЗИ БЕЗ ПРОВЕРКА НА РАБОТЕЊЕТО НА ИМЕНОВАНАТА Е САМО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА НЕВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ВО РС МАКЕДОНИЈА.
Воедно укажувам постои основано сомнение сеуште се прикриваат и фалсификуваат предмети во ЕСЧП Стразбур Франција и тоа од вработени лица од РС Македонија.
Со почит.
Глас од Народот Македонски  
28.03.2023 год., Скопје 
445 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: