25/04/2024
SKOPJE

30-сет Години Независност на Република Македонија,… !!!

 

 

Игор Дурловски – Денес над Македонија се раѓа 

41,850 views
Sep 7, 2018

Игор Дурловски – Мојата идеја била и ќе биде – љубов!

Ви ја давам од душа на сите, споделете ја и чувајте ја.

Да си вечна Македонијо!   

 

Денес над Македонија се раѓа  — државна химна на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. 

Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски.

Напишана е во 1941 година.

По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со Закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред.

Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев. 

Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 г. а за првпат се изведува на пречекот на Новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута.

Химната била изведена за првпат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.

 

„Денес над Македонија се раѓа“
Текст Владо Малески1941
Музика Тодор Скаловски1943
Усвоена 1944

 

        Оригинална верзија

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
Македонија слободна,
слободна ќе живее!       

         

         Денешна верзија

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

 

662 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: