Пред 12 години, во Декември 2010 година, сега актуелниот Претседател на Русија, Владимир Путин, тогаш Премиер имал повеќе време да се посвети на некои позабавни активности.
Навикнат да биде во центарот на сцената кога држи говори, Путин овој пат свири на клавир и пее како дел од хуманитарната вечер за собирање пари за деца.
Последното нешто што може да се очекува од Путин е да отпее американска песна, но, токму тоа се случило кога тој прво отсвирил неколку тонови од старата американска блуз песна „Blueberry Hill“, а потоа станал и го земал микрофонот за да во придружба на Бендот ја испее токму оваа Песна на Англиски.
Американската песна „Blueberry Hill“ за првпат била испеана во 1941 година од Џин Отри, кој беше познат како „каубоецот што пее“.
Подоцна оваа песна ја испеаа Фетс Домино, Елвис Присли и многу други.