19/04/2024
SKOPJE

Непалка – Прва жена во Свет која 10 пати го искачила Монт Еверест

Лакпа Шерпа потекнува од семејство со 11 деца, родена е во пештера и нема формално образование.

Таа првпат го искачила Монт Еверест во 2000 и три години подоцна станала првата жена на која тоа ѝ успеало три пати.

– „Родена сум во пештера.

Не го знам ни точниот датум на раѓање.

Во пасошот ми пишува дека имам 48 години.

Пораснав во близина на Еверест, го гледав од мојот дом и ме инспирираше и возбудуваше“, изјави Лакпа, која е припадничка на шерпаската етничка група.  

Откако се омажила за романскиот планинар Џорџ Дијмареску, се преселила во САД, каде што и денес живее со двете ќерки, иако во меѓувреме се развела.

Четириесет и осумгодишна Непалка го искачи Монт Еверест по десетти пат, што претставува НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД ЗА ЖЕНИ.

Лакпа Шерпа последен пат била на највисокиот врв на светот во 2018.

„Лакпа го собори сопствениот рекорд и стана прва жена која го искачила Монт Еверест десет пати“, кажаа туристичките власти на Непал.  

 

ПРЕЗЕМЕНО: Тиме.мк   

 

Монт Еверест — според НАДМОРСКАТА ВИСОЧИНА на врвот е Нај-високата точка на Земјата. 

Планината се наоѓа на границата помеѓу Непал и Кина. 

Планината е висока отприлика 8.848 m, но постојат варијации во различните мерења што се имаат извршено.

Втора по висина е планината К2 со 8.611 m височина.

 

фото: Монт Еверест 8848 мнв 

 

 

541 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: