26/04/2024
SKOPJE

Молчи, молчи – Нина Спирова

Молчи, молчи

Како река која мине
Како сонце што се гаси
Крај нас љубов тивко гине
И ни лади срца наши
Наш’те огној, само тлеат,
А ни биле врели, луди
Други срца сега греат,
Празно ни е и ни студи
(припев)
Молчи, молчи, љубов моја
Запри раце, усни неми
Пред тебе ко болка стојам
Само поглед еден земи
Ние двајца, сѐ сме биле
Пролет, песна, небо, смеа
Сега гранки ни се свиле
Тажни птици на нив пеат
(припев) х2
Молчи, молчи, љубов моја
Запри раце, усни неми
Пред тебе ко болка стојам
Само поглед еден земи

 

992 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: