25/04/2024
SKOPJE

Лојалност и послушност,…

Меѓу лојалност и послушност има разлика.

Доберманиве погоре на сликата се симбол за послушност, а послушноста се наметнува со дресура.

Лојалноста значи да се биде доследен, верен на идеја, личност или институција.

Довербата создава лојалност, а дресурата присилува на послушност.

Лојалноста се искажува преку доследност кон идеја, личност или институција.

Лојален е човек кој „се држи“ до идејата, личност или институцијата дури и кога тоа и спротивно на интересот на лојалистот, а послушноста е форма на општествено влијание кое вклучува извршување на наредби на авторитарна личност од која се добива награда.

Казна се добива кога не се изврши наредбата.

Послушноста не е исто што и со согласувањето да се промени личното однесување по нечија наредба, ниту е исто со конформитетот, како промена на однесувањето со цел тоа лично однесување да се изедначи со однесувањето на остатокот од групата, екипата, партијата, толпата итн.   

Преземено од ФБ профил,… 

 

 

439 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: