Колку од пациентите кои прележале КОВИД повторно се разболеле, прашува д-р Жаклина Шопова, инфектолог во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
– Да ги прашам епидемиолозите дали стигнала пријава за заразна болест КОВИД кај пациент кој веќе прележал КОВИД, ако стигнале колку пријави има? Да ги прашам одговорните во Мој термин , каде има евиденција за сите болни од КОВИД , дали има и колку има пациенти кои прележале КОВИД и се повторно евидентирани како реинфицирани!?
Одговорите Ве молам доставете ги кај Министерот, неговите професoри по медицина, имунолозите, кај членовите на комисијата за заразни болести кои одамна заборавиле што се по професија, и на крај убедете го најстручниот Зоран Заев да ја свика Владата и да промени барем една од научно неоснованите превентивни мерки !!!, вели Шопова
превземено од Тиме мк