29/04/2024
SKOPJE

Министерот Фатмир Бесими – Ренесанса за државната администрација

Министерството за финансии соопшти дека е постигнат договор со синдикатите на вработените во државната администрација и дека според договорот 85.000 вработени во државна администрација на централно ниво, буџетските корисници и во установите ќе добијат покачување од 10% со септемвриската плата. 

„Исто така ќе им биде исплатен к-15 од 10.000 денари, за што ќе се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот во септември“, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостување на емисијата „24 Анализа“.

Министерот рече дека е договорено и воведување на системско решение за редовно покачување на платите во јавниот сектор од 2025 година, како и дека од следната година регресот за годишен одмор ќе се исплаќа во вредност од 30% од просечната исплатена плата.

Тој рече дека Министерството за фианнсии ќе почне со подготовка на ребаланс со кој ќе се обезбедат средства за покачувањето на платите на администрацијата од септември и исплата на к-15.

Преземено: Либертас 12072023 Скопје 

 

840 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: