19/04/2024
SKOPJE

Каде сме во споредба со Европа по минимална плата?

Mинималната плата во земјите на Европската унија се движеше во Јануари од 399 евра во Бугарија до 2.387 евра во Луксембург,

покажуваат најновите податоци на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).

Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска не ги поставија националните минимални плати на 1 јануари, а Евростат ги класифицира другите 22 земји-членки на ЕУ во три различни групи врз основа на висината на бруто минималната плата. 

Првата група вклучува земји со национална минимална плата над 1.500 евра месечно:

Луксембург, Германија, Белгија, Холандија, Ирска и Франција.

Нивните национални минимални плати се движеа од 1.709 евра во Франција до 2.387 евра во Луксембург.

Втората група ја сочинуваат земји-членки со национално пропишана минимална плата поголема од 1.000 евра, но помалку од 1.500 евра месечно.

Тука спаѓаат Словенија со 1.203 евра и Шпанија со 1.167 евра.    

Третата група вклучува членки на ЕУ со национална минимална плата помала од 1.000 евра месечно:

Кипар, Португалија, Малта, Литванија, Грција, Полска, Естонија, Чешка, Словачка, Хрватска, Латвија, Романија, Унгарија и Бугарија.

Нивните национални минимални плати се движеа од 399 евра во Бугарија до 940 евра на Кипар.

Исто така, сите земји-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ се најдоа во третата група според нивото на пропишаните национални минимални плати, со опсег :

  • од 298 евра во Албанија до 532 евра во Црна Гора.

Евростат, за споредба, ја даде и висината на минималните плати во Соединетите Американски Држави, кои со 1.178 евра месечно на федерално ниво спаѓаат во втората група.

Просечната годишна стапка на раст од јануари 2013 до јануари 2023 година беше највисока во Романија (+14,4 %).

Следат Литванија (+11,2 %) и Бугарија (+9,7 %).

Најниски просечни годишни стапки на раст меѓу земјите-членки на ЕУ се забележани во Малта (+1,7 %), потоа во Франција (+1,8 %) и Грција (раст од 2 %).

 

ПРЕЗЕМЕНО: Денар.мк 08.02.2023 г Скопје 

454 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: