29/03/2024
SKOPJE

АЛИБАБА – Од месечни 12 долари до џиновски интернет трговец во светот !!!

Еден од најголемите светски примери на претприемништво е Џек Ма – КИНА     

Џек Ма 3 пати полагал приемен испит, 10 пати го одбивале од Хардвар, одбиен на 30 работни места на кои што аплицирал, од кое едно од нив било и “КФЦ“, на кои се пријавиле 24 лица од кои САМО ТОЈ не добил вработување, во почетокот работел за месечна плата од 12 долари, за да потоа стане прв човек милијардер во Кина, кој ја воведува интернет продажбата со градење на гигантот Алибаба, се залага за реформи во системот, образованието и со примена на вештачка интелегенција, смета дека човекот ќе може да работи САМО 12 ЧАСА ВО НЕДЕЛАТА, (само 4 часа во денот, и 3 дена во неделата, или вкупно 12 часа во една работна недела), воедно воспоставува златни правила при вработувањето на работници истакнувајќи дека – НЕМА ЕКСПЕРТИ ЗА ИДНИНАТА, СЕКОГАШ СЕ РАБОТИ ЗА ЕКСПЕРТИ ДО ВЧЕРА, – НЕМА НАЈДОБРИ ЛУЃЕ, НАЈДОБРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА, НАЈДЕТЕ ЛУЃЕ КОИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА УЧАТ И НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ГРЕШКИ И НАЈВАЖНО ОД СЕ Е – ТИЕ ДА БИДАТ ОПТИМИСТИ, БЕЗ ТОА БИЗНИСМЕНОТ НЕМА ДА БИДЕ БИЗНИСМЕН.

* * * 

Роден е 10 Септември 1964 година како второ дете од трите деца на мајката Cui Wencia и таткото Ma Laifa во градот Ханџоу – Кина.

Неговите родители и двајцата работеле како традиционални музичари. Работеле и како наратори за да може да обезбедат поубав живот на своите три деца.

Во текот на студиите ја запознава својата преубава сопруга  Zhang Ying, која е една од клучните луѓе кои му помагаат во подемот кон славата.

Таа се восхитувала на неговата снаодливост и му помогнала да ја основа својата прва интернетска фирма China Pages.

Долго време се во брак и имаат 3 деца.

Тој се фокусира на емоционалната интелегенција и понизноста, а неговите мотивациски говори слушателите ги тера на акција.

Многу се интересира за образование, политика, филантропија, работата и инвестициите.

Негови хоби се пеење, сликање, танцување, читање и пишување на Кунг Фу белетристика, вежбање на Таи Чи, како и квалитетно поминато време со семејството и пријателите.

Тој не е религиозен, но го интересира религијата и тоа : – будизам, христијанство и таоизам.

За будизмот смета дека е повеќе култура, која стотици години уназад е вградена во кинискиот начин на живот.

Поседува луксузни куќи и автомобили во Hong Kong и New York, и свој приватен авион вреден 550 милиони долари.

За името АЛИБАБА, тој е инспириран од приказната “Али баба и четириесетте разбојници“, од колекцијата арапски приказни со наслов

“ Илјада и една ноќ“,

Во приказната, познатата фраза “  Отвори се сезаме “ значи магично отворање на тајната врата до големото богатство.

На исти начин Алибаба ја отвора вратата-сезам  до богатството на малите и средни претпријатија.

Џек Ма, стана најбогатиот човек во Кина во Септември 2017 година, кога беше објавено дека неговото богатство изнесува околу 25 милијарди американски долари.

Според Форбс 2021 година, Ма се наоѓа на реден број 26 во светот и за ден 14.07.2021 година, Нето вредноста на Ма се проценува на $ 45.9 B.   (45.9 билијарди американски долари).

Но, тој тогаш рече дека бил многу среќен кога заработувал многу, многу помалку.

Три пати полага приемен испит, имено, во 1982 година, Џек Ма (Ма Јун) го завршил средното образование и прв пат полага приемен испит на факултет, остварувајќи само 1 бод на испитот по математика.

Во 1983 година, полага по втор пат приемен испит и тогаш освоил 19 бода по математика. По барање на таткото тој почнал да работи како разнесувач на весници на трицикл, преку ден работел, а навечер посетувал ноќна настава.

Во 1984 година по трет пат полага приемен испит и со резултат од 79 бодови е примен на Педагошкиот факултет во Хангџоу, денес Хангџоу Нормал Универзитет.

По завршувањето на колеџот во 1988, тој работел како професор по англиски јазик на локалниот универзитет во Хангџоу во Кина.

Заработувал само 12 американски долари месечно, се вели во документарниот филм „Крокодил во Јангце“.

Но, најмногу импресионира тоа што Џек Ма од Харвард бил одбиен дури 10 пати.

Кога барал работа, аплицирал на 30 работни места и бил одбиен од сите, вклучувајќи ја и работната позиција во „KFC“, каде аплицирале 24 луѓе и сите биле примени освен него.

Алибаба е основана во 1999 од 18 луѓе предводена од Ма, а денес е најголемата интернет продавница во Кина,а во светот вработува повеќе од 66.000 луѓе.

Ма, исто така  ја контролира Ant Financial, чија пазарна вредност достигна 150 милијарди долари.

Кон крајот на 2019 година Кинеските власти покренаа антимонополска истрага против Алибаба и ѝ порачаа на групата Ant Financial да го преструктурира својот бизнис.

Претходното беше реакција на одржаниот контроверзен говор во Шангај во кој тој го критикуваше регулаторниот систем на Кина поради задушување на иновациите, а глобалните банкарски правила ги спореди со „клуб на стари луѓе“.

„Денешниот финансиски систем е наследство од индустриската ера. Треба да поставиме нова, за следната генерација и за младите луѓе. Треба да го реформираме сегашниот систем“, рече Ма во својот говор.

„Кога имаш помалку од 1 милион, знаеш како сакаш да ги потрошиш парите, но учиш и да штедиш.

Кога имаш 1 милијарда, тоа не се само твои пари, туку пари на луѓето кои веруваат во тебе. Парите кои ги имам сега претставуваат одговорност. Тие претставуваат дека луѓето веруваат во мене“, рече Џек Ма.

Тој рече и дека пробува да ги троши парите на тој начин што ќе му врати на општеството. Ова не е првпат Ма да зборува колку е голем товарот да се биде милијардер. Според него, кога човек има 1 милион, тој заслужува да биде среќен, но кога богатството ќе надмине 10 милиони, тогаш животот станува тежок.

Џек Ма е бизнисмен пред своето време

Покрај тоа што почна цела една нова ера во онлајн трговијата, Ма исто така има напредни, визионерски размислувања за начинот на кој треба да функционира пазарот на труд воопшто.

Тој вели дека луѓето би требало да бидат во можност да работат само 12 часа неделно благодарение на предностите на вештачката интелигенција.

„Луѓето би можеле да работат само три дена неделно, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформи во образовниот систем“, рече соосновачот на Alibaba Group на глобалната конференција за вештачка интелигенција, што се одржа во Август, 2019  во Шангај.

Џек Ма имаше интересна дебата за вештачката интелигенција со Елон Маск. Ма ја наведе електричната енергија за пример како развојот на технологијата може да овозможи простор за слободно време.

„Моќта на електричната енергија е во тоа што на луѓето им дава повеќе време така што навечер можат да одат на танцување или на караоке. Мислам дека луѓето поради вештачката интелигенција ќе имаат повеќе време да уживаат во животот“, вели Ма.

Како вработува газдата на Alibaba: Нема најдобри и не ангажирајте експерти     

Во неговото обраќање на конференција минатата недела, Ма се присети на грешките што ги направил во раните денови на Alibaba.

„Пред да ги подигнам првите средства, а тоа беа 5 милиони долари, ангажирав многу потпретседатели на мултинационални компании. Еден од маркетинг менаџерите дојде и ми рече: „Господине, ова е нашиот бизнис план за наредната година“, рече Ма.

„Се покажа дека планот е направен да чини 12 милиони долари, а бидејќи јас не можев да си дозволам таков план, прашав што понатаму и тој ми призна дека никогаш дотогаш не работел на бизнис план под 10 милиони долари.

„Си реков, во ред, ова е моја грешка, не негова“, признава и денес Ма кој нагласи дека е многу важно да ангажирате луѓе соодветни на размерот на проектот, не само соодветни по образование и искуство.

Оттогаш, Alibaba прерасна во гигант за е-трговија со повеќе од 80.000 вработени ширум светот и е еден од најатрактивните работодавачи во Кина, според рангирањето на консултантската компанија Universum.

„Одбегнувајте ги луѓето кои се ‘најдобри’ и ‘експерти’“, советува тој.

„Не сакам да вработувам луѓе кои доаѓаат како експерти бидејќи нема експерт за иднината, тука секогаш се работи за експерти за до вчера“, вели Ма.

„Нема најдобри луѓе. Најдобрите луѓе веќе се во вашата компанија, вие треба да ги направите најдобри“, порачува тој.

Почнете од тоа што ќе најдете луѓе кои се подготвени да учат и кои не се плашат да прават грешки.

Ма исто така стави акцент и на оптимизмот. Тој рече дека таа особина му помогнала да го изгради гигантот Alibaba каков што е денес.

„Како бизнисмен, ако не сте оптимист, тогаш сте во невоља“, рече тој.

Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлекува од местото извршен претседател на Alibaba Group.

445 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: