26/04/2024
SKOPJE

Зајдисонце и љубов,…

Молчев не сакајќи да го уништам овој прекрасен миг.

Кримо ми ја разбра желбата и само молчеше за да не го прекине мојот занес.

Пејзаж што воодушевува и инспирира, а тој го имал досега многупати почувствувано.

Сончевата топка стануваше сè помала и нејзината пурпурна боја почна да се менува во виолетова, опколена со небесно темна боја од малите облаци кои ја покриваа сè повеќе и повеќе.

Сакав да уживам во оваа дива убавина Очите ми беа широко отворени.

Сакав ништо да не ми го прекине овој душевен мир, но колку времето побрзо минуваше, јас уште толку сакав никогаш да не се стемни, но природата си го правеше своето.

Почна темнината да го зазема престолот од денот.

Кримо почна да ме гушка.

Ми годеше неговата љубов, љубовта што ми ја даваше искрено и несебично.

Не знам како се однесувал досега и дали имал некоја пред мене, но во едно бев сигурна – дека премногу ме сакаше.

Во оваа наша безвременска и безгранична љубов каде што сè функционираше беспрекорно, ми недостасуваше нешто… беше многу таинствено тоа нешто… кое набргу ќе го дознам, но во тие не многу далечни моменти се е нестварно и сите настани ги гледаме од друг агол.

Кримо почна да ми ги милува усните со зборовите: „Ах Дора, ќе заминеш далеку и нема да се видиме долго време“.

Го тешев велејќи му дека на есен пак ќе дојдеме и дека ќе биде како сега.

Ми ги бакнуваше усните, па потоа и рамената.

Го фатив со рацете за лицето и почнав страсно да го бакнувам.

Која привилегија ја имавме.

На дива плажа бевме сами двајцата, го пречекавме зајдисонцето и го дочекавме почетокот на ноќта.

Кримо почна да ми го откопчува градникот.

Потоа, ми ги бакнуваше белите и цврсти гради.

Погледнав надолу и неговиот „орган“ беше набрекнат и подготвен.

Ми ги соблече кожните панталони.

Останав по гаќички.

Почна полека да ми ги соблекува гаќичките – мераклиски.

Започна да ми ги бакнува бутовите.

Се навлажнив целата и тој ме подигна, ме „стави“ на неговиот скут и неговиот набрекнат „орган“ „влезе“ во мене.

Нашите тела се нишаа во ритам на тивките бранови.

Двете тела се споија во една душа.

„Влегуваше“ и „излегуваше“ во мене силно и еруптивно.

Заедно ни се згрчија телата.

Почнавме да се тресеме.

Откако „завршивме“ долго лежев во неговата прегратка.

По извесно време слушнавме гласови, смеења, кои беа се поблиску до нас.

Ни викаа: „Ајде заљубени. Доаѓајте веднаш. Ќе пиеме кафе. Дојдоа едни пријатели со џип донесоа и гитара“.

Станавме.

Тoa беа Сузи, Ен и Том.

Станавме и се приближивме кон нив.

Кримо праша кои се тие, а Ен одговори: „Мајк и Лиза. Ги познаваш Кримо, тие кои пеат и кои свират на гитара“. Кримо климна со главата.

Се собравме во бунгаловот.

Се запознав и со нив бидејќи со Кримо се запознаа и се поздравија срдечно.

Разговаравме и пиевме кафе.

Подоцна Лиза почна да свири на гитара.

Другите почнавме да пееме.

Се забавувавме доцна во нoќта.     

 

458 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: