26/04/2024
SKOPJE

За Тебе,..!!!

– Што можам да кажам за Тебе,…??? 

Дека си храбар, дека си како ангел што не го гледаат сите, не те чувствуваат сите.

Ја чувствувам твојата арома, твојата суштина, ти си како ноќното небо со полна месечина и илјадници sвезди, и за мое жалење мислам дека е подобро да те гледам во тишина и да те имам во соништата, бидејќи зборовите би биле премногу.

Јас само би те гледала размислувајќи за денот во твоите очи, и за вечното зајдисонце во твоето срце.

– Што можам да кажам за Тебе … ??? дека не е неопходно да те познаваат за да знаеш дека си песна и стихови од фантазија претворени во реалност. 

Кога зрак светлина го осветлува твоето лице, зрак светлина ме придружува мене во мојата осаменост, во осаменоста на твоите спомени, на твојата заборавеност.   

– Што можам да кажам за некој како Тебе … ??? дека си дилема претворена во поезија, и дека меѓу толку многу светла, би ја следела само твојата светлина, и дека си најубавото случување во МОЈОТ живот. 

 

356 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: