24/04/2024
SKOPJE

За Емоцијата Болка,…

Понекогаш најзначајните работи во Нашите ЖИВОТИ се оние што доаѓаат со БОЛКА.

Болката не е проблем што треба да се реши, туку емоција што треба да се доживее.

Болката не е фаза што треба да се надмине, туку болката нè трансформира и Ние сме трансформирани. 

Болката не се победува како таква, туку се изразува, троши, еволуира, а овој процес нема проценето време, Секој на различен начин ја доживува.

Болката не е Бунар, не е темен Тунел, тоа е само Патување, тоа е Чекор на друго ниво и секој поминува низ него со свое темпо. 

Болката е прашање кое нема одговор, одговорот на „зошто“ не може да се одговори. 

Болката е Животен Процес.

Д-р Рас Харис напишал за БОЛКАТА : 

–  “Болката е како бран: на почетокот болните чувства ќе бидат како бран;

Тогаш брановите ќе се смират, иако од време на време може да доаѓаат големи, интензивни и чести бранови.

Брановите ќе те опкружат и ќе те влечат, но никогаш нема да те удават ако наместо да им се спротивставиш, дозволиш да лебдиш во нив“.  

–  “Понекогаш кога се соочуваме со болката на саканата личност, зборовите се непотребни и единственото нешто што му треба на човекот е Нашето ТИВКО ПРИСУСТВО да го придружуваме и да го поддржиме, давајќи му до знаење дека Болката на Душата поминува и поминува… скоро секогаш.“ 

 

656 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: