29/03/2024
SKOPJE

Во зорите,…

Дали знаете за оние моменти на среќа во зорите ?
Оние летни утра во кои сонцето изгрева пред вас, а вие се будите на половина пат, а потоа повторно заспивате, среќни што имате уште неколку часа.
Се свртувам и го наоѓам, неговото лице опуштено и олеснувањето што го чувствувам е толку длабоко, и сè што можам да направам, е да се задржам совршено мирно и да се обидам да го усогласам ритамот на моето дишење со неговото.
Сè уште е рано, затоа повторно ги затворам очите, мислам дека никогаш не сум почуствувала толкава апсолутна удобност.
Таа златна светлина пред зорите, музиката на песната на птиците што веќе цвркотеа и креветот затоплен од нашите припиени тела …

Те молам, нека овој сон никогаш не заврши!

 

472 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: