26/04/2024
SKOPJE

Во рок од 54 минути, мојот брак умре

По 11 години во брак, бев сигурна дека љубовта исчезна…

Постојат разни приказни за разводи, ова е мојата.

На некој му е интересна, а мене длабоко трагична.

Имено, мојот брак во рок од 54 минути – умре!

Еве како се случи тоа…

Бевме во брак 11 години и односите помеѓу нас малку оладија.

Не се грижев.

Мислев дека тоа е нормално и дека со текот на времето ќе се промени, дека ќе се случи нешто и нашата љубов ќе заживее како Феникс од пепел.

А, потоа се случи мојот сопруг да биде повикан на роденден кај шефот.

За таа прилика одлучив да ја подготвам тортата која е мој специјалитет, а се прави со рум и црно чоколадо.

Тоа беше нашиот подарок.

Влеговме во зградата во која живееше неговиот шеф.

Се качивме на третиот кат и маж ми заѕвони на вратата.

Влеговме во ходникот, а јас забележав дека чорапите ми се спуштиле.

Поради тоа тортата ја оставив на креденчето за клучивите, се наведнав да ги наместам чорапите, кога славеникот ја отвори вратата, го прегрна мојот сопруг и го внесе во дневната соба.

Зад нив вратата се затвори.

Останав да стојам сама во мрачниот ходник на туѓиот стан.

Помислив: колку непријатна ситуација!

Помислив: Сега ќе сфатат дека останав сама во ходникот, па ќе се вратат, ќе се извинат.

Смислив и што ќе кажам во таа прилика: Ќе се насмеам и ќе кажам – „Дали некој порача торта?“

Додека нервозно вртев во мрачниот ходник, минутите поминуваа, а никој не ја отвораше вратата. Слушав бучава, смеење, наздравување…

Помислив како е можно никој да не забележи дека останав во ходникот?

Како никој не го праша мојот сопруг: „А, каде ти е жената?“

Како тој не примети дека не стојам покрај него?

Во мене се скрши нешто… Поминаа 54 минути, а јас само стоев.

Не можев да се натерам да заминам, а ниту да влезам во туѓиот стан, таму каде што никој не знам.

Освен сопругот на кој и не сум му потребна…

Заѕвони телефонот: „Каде си?“ – ме праша маж ми.

„Во ходникот“.

„Уште си во ходникот? Па зошто не влезеш?“

„Зошто не ме побара?“

Од другата страна тишина која врескаше дека не ме разбира.

Ја отвори вратата збунето смешкајќи се.

„Дали некој порача торта?“ – кажав со студен тон.

Му ја ставив тортата во раце и му реков: „Збогум“.

Се свртев и заминав.

Се разведов по еден месец.   

 

Превземено од Тиме.мк    

 

 

 

448 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: