29/01/2023
SKOPJE

Во мислите,…


Се гледаме од далеку.

Се допираме со очи.

Се слушаме и кога зборуваме најтивко.

Се разбираме и меѓу редови.

Се вкусуваме во мислите.

Се прекоруваме во премолченото.

Се галиме во недопреното.

Се лажеме кога велиме дека е таман.

Се предомислуваме зашто така ни доаѓа.

Се скаменуваме зашто така треба.

Се трудиме да е спокојно зашто така мора.

Камен сме, а се обидуваме да останеме живи.    

АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“ 

253 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: