26/04/2024
SKOPJE

Victor Hugo – Маж и жена

Предлог на текст и слики : “Есен во мене“ 

Маж и  Жена

Мажот е највозвишено суштество.
Жената е најпрекрасниот идеал.
Бог го создал престолот за мажот;
За жената олтарот.
Престолот слави;
Олтарот свети.
Мажот е умот
Жената е срцето.
Умот создава светлoст, срцето создава љубов.
Светлината оплодува;
Љубовта оживува.
Мажот е снажен заради разумот.
Жената е непобедлива благодарение на солзите.
Разумот убедува;
Солзите смилостуваат.
Мажот е спремен за секое херојство.
Жената за секое страдање,
Хероизмот оплеменува:
Жртвувањето возвишува.
Мажот има надмоќ,
Жената избор.
Надмоќ значи сила;
Изборот претставува право.
Мажот е гениј.
Жената е ангел.
Генијот е немерлив;
Ангелот неопислив.
Стремежот на мажот е највисока слава.
Стремежот на жената е крајна доблест.
Славата прави сè што е величествено;
Доблеста прави сé што е божествено.
Мажот е кодот.
Жената е Евангелието.
Кодот поправа;
Евангелието усовршува.
Мажот размислува.
Жената сонува.
Размислување значи да се има ларва во главата;
Сонување значи имање ореол на челото.
Мажот е океан.
Жената езеро.
Океанот содржи бисер што краси;
Езерото е песна која восхитува.
Мажот е орел во лет.
Жената е славеј што пее.
Летањето го господари просторот;
Пеењето ја освојува душата.
Мажот е храм.
Жената е светилиште.
Пред храмот симнуваме капа;
Пред светилиштето клечиме.
За крај да заклучиме:
Мажот е местото кај што завршува земјата;
Жената, кај што започнува небото.  

АВТОР:

Виктор Иго ( Victor Hugo )

 

392 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: