18/04/2024
SKOPJE

Ветрот и Жената,…

Ветрот носи убаво време.

Вилнее, јачи во нас.

Ветрот носи убаво време.

Убавото е убаво и поминува.

Останува тагата.

Понекогаш она нè обзема полека, легнува на нашите очи, и густо напластена погледот ни го смрачува.

Тогаш нешто страшно тегобно и болно, нешто големо и наше, непојмливо за другите нè измачува.

Но некогаш тагата нè докоснува како трепетлика, како измаглина над жуборлива река крај која стоиме загледани бесцелно и немо.

Тогаш сите предмети прилегаат на сказна па велиме: невозможно, колку е сè убаво.

Ветрот вилнее и јачи.

Ветрот носи убаво време.

(Ацо Шопов, „Ветрот носи убаво време“)    

**********************************************   

Жената е… жената е …Бело маче годиначе, речна слатка тресопатка, вита ива миризлива, мека трева што подгрева, боцкав венец крај кладенец, мрава, сешто што преправа, кревко птиче назимниче, тивка соба во злодоба, прва љуба до прељуба, свила што се распостила, лето в сенка засолнето, глина полна сончевина, утро в сина виделина…

(Гане Тодоровски, „Песна за жената“)   

предлог на “Есен во мене“   

 

341 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: