29/01/2023
SKOPJE

Зошто бегаш… ???

Зошто бегаш, зарем не сфаќаш?
Гледаш, но не забележуваш.
Јас стојам пред тебе, а ти ме бараш.
Ме гледаш и се уште ме бараш, а не веруваш дека постојам.
Ми зборуваш за мене, ме полудуваш, но не ме гледаш.
Јас сум таа што ја бараш, но не само таа што ја гледаш, туку онаа која треба да ја откриеш длабоко во онаа што ја гледаш.
Не ме разбираш, зашто пак само површно читаш, зашто забораваш, не размислуваш.
Си велиш: „ Во многу гледам“.
Но што чувствуваш додека гледаш?
Знам дека знаеш, но не признаваш.
Ни себеси не си веруваш, од страв не си дозволуваш.
Се пронаоѓаш, знам, но лесно се откажуваш.
Не затоа што не знаеш доволно да сакаш, туку зашто си заборавил да сонуваш, да се надеваш, во искреност да веруваш и од срце да се радуваш.
Си заборавил без горчина да судиш и безусловно да љубиш.
АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“ 
261 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: