Тој,
Моето мало уникатно богатство.
Мојот избор е Тој.
Неговиот начин на сè.
И мојата насмевка и моите солзи му припаѓаат Нему.
Да се најде е желба на многумина, а само малкумина успеваат.
Го сакам…
Не како што сите сакаат во денешно време, врски и слично.
Го сакам подлабоко, поинаку, само повеќе од нив.
Имам нешто повеќе, нешто поубаво.
Толку убаво што понекогаш боли кога ми недостасува начинот на кој Тој ги покажува емоциите.
АВТОР НА ТЕКСТОТ: “ЕСЕН ВО МЕНЕ“
236 Прегледи