Две тишини
Сакам да те прегрнам.
Топло и долго. И баш тогаш ништо да не ме прашуваш.
И баш тогаш ништо да не ти кажувам.
Сакам само да постоиме така залепени еден до друг.
Да те изнамирисам.
Да те изначувствувам.
Сакам бескрајно да си молчиме.
Да ти ги впивам мислите.
Да ти ги решам загатките без збор да речам.
Сакам да си ми тука бар на кратко, ама многу вистински.
Да се претвориме во неколку реда тишина.
Да си раскажуваме сешто мирисајќи се.
Двете тишини да станат една сакам.
Една голема.
Поголема од најголемото нешто што постои на светов.
И после да продолжиме да си врвиме.
Секој по свој пат и со својата тишина.
АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“

310 Прегледи